Во Уставниот суд се одржа Подготвителна седница за Законот за попис, организирана како помош на судиите во изградување мислење, по што ќе следува седница каде уставните судии ќе одлучат дали да поведат постапка, да го поништат или укинат законот или ќе констатираат дека тој е согласно Уставот, пренесува Телма.
Подносителот на иницијативата е Димитар Апасиев кој смета дека е невозможно да имаме кризна состојба до декември годинава и да спроведуваме ваква статистичка операција. Ставот на Министерството за правда и Државниот завод за статистика останува непроменет и дека сите донесени протоколи гарантираат заштита на здравјето на граѓаните и учесниците во процесот.