• Latest

Утре средба Ципрас- Каменос

March 19, 2018

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Утре средба Ципрас- Каменос

March 19, 2018 15:39
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека не постои опасност Каменос да ја напушти Владата, вели владиниот портпарол на Грција, Димитрис Ѕанакопулос во однос на последните шпекулации во грчките медиуми за зголемено несогласување меѓу двајцата коалициски партнери, особено во однос на прашањето со двајцата грчки војници, притворени во Турција.

Ѕанакопулос, говорејќи за грчката телевизија „Скај“, рече дека двајцата коалициски партнери утре ќе одржат средба.

Печатот во Грција, како што веќе објави МИА во петокот, веќе неколку дена пишува за „облаци“ врз владината коалиција, а изутрината дел од медиумите тврдеа дека Панос Каменос побарал од неговите пратеници да не излегуваат со јавни настапи се до состанокот на парламентарната група на Независни Грци, состанок за кој за сега нема официјална информација кога би можело да се одржи.

„Според информациите, на седницата на парламентарната група се очекува да излезе со некое важно соопштение, додека пак постојат информации во денешниот печат дека Каменос одново ја разгледува неговата позиција во однос на соработката во Владата, поради несогласувањето во скопското прашање, но и за инсистирање на господата Ципрас и Каменос веднаш да постигнат договор“, веројатно со името Горна Македонија, објави сајтот на грчката телевизија „Скај“.

Прашањето за името, грчките војници и случајот со сопственикот на фудбалскиот клуб ПАОК се темите за кои двајцата коалициски партнери имаат различни ставови.

Решение на македонското прашање, со цврст став во однос на фудбалското првенство (односно првенство без ПАОК), според локални пратеници од СИРИЗА би значело изборен пораз од Лариса нагоре. Во исто време, Панос Каменос е параметар и за двете прашања:

Нема да гласа за решение на скопското прашање што ќе го содржи терминот Македонија и де факто ќе си замине од владата.

Одржува добри односи со сопственикот на ПАОК, кој што се наоѓа во центарот на фудбалските случувања и е веројатно да биде строго казнет, пишува информативниот портал „Иефимерида“.

Портпаролот на грчката Влада во интервјуто за ТВ „Скај“ вели дека не постои проблем во внатрешноста на Владата, дека Каменос и Ципрас се во постојан контакт во однос на случајот со уапсените грчки војници кај Еврос, на турска територија и за конкретното прашање, според Ѕанакопулос, во утрешниот ден, двајцата коалициски партнери ќе остварат средба.

„Во една Влада што ја сочинуваат две партии со различни политички истории, со различни идеолошки корени очигледно е дека ќе постои дебата, многу пати постојат и индивидуални несогласувања во прашањата. Но, она што го дефинира, го одредува односот меѓу СИРИЗА и Независни Грци и оваа коегзистенција во Владата, не е ништо друго, туку обидот земјата да го напушти меморандумскиот режим и да биде институционален штит на грчкиот политички систем наспроти прашањата поврзани со корупцијата“, вели Ѕанакопулос за грчката ТВ „Скај“.

Останува отворено прашањето, дали можеби Ципрас и Каменос ќе разговараат и за прашањето за името, со оглед на тоа дека нивната средба е на само неколку дена пред посетата на шефот на грчката дипломатија на Скопје.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ