• Latest
Војо Маневски

Утрешни вести

May 3, 2023
Скриншот од видео на ВВС

Трамп сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компании

October 23, 2025
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025

Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Комбинаторики и договарања меѓу кандидатит и партиите за вториот круг; експлицитен и понижувачки говор на омраза кон Ромите; руското влијание врз локалните избори

October 22, 2025
Фото: Амбасадорката на Украина, Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Руското гранатирање на Кијивската област одзеде живот на бебе, 12 годишнo дете и мајка – некој молчи, а некој се придружува на богослужбите на РПЦ

October 22, 2025
Џабир Дерала, Меѓународна конференција за демократија и човекови права, Скопје, 12 декември 2024 (фото: Роберт Атанасовски)

Колумна на Дерала од ЦИВИЛ во престижниот Voxeurop: Единството на Босна под закана од хибридната дестабилизација на „српскиот свет“

October 22, 2025
Пожар во рафинеријата за нафта Шажаломбата во ноќта на 20 октомври 2025 година – Фото: Фотографија од читателите / Телекс

Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

October 22, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Консолидиран центар, економска расправа и емпатија – три клучни чекори за стабилна демократија

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Утрешни вести

May 3, 2023 09:31
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Некако нелогично звучи денес мојот наслов и тоа во време кога вестите се многу често во минута време со рeалниот след на случувањата или се и пред нештото да се случи. Има и такви што се и надвор од реалната случка која и не мора да го исполни своето дејство, ама добие статус на вест во она што денес се нарекува медиуми. А имаше едно време кога постоеја и вчерашни и утрешни вести. Така беше мои почитувани читатели само пред две децении, а донекаде и денес тоа егзистира дури и во нашето соседство. Овој текст го пишувам во предвечерјето на денот што сo црвени букви е запишан во роковникот на денови, а се одбележува како ДЕН НА СЛОБОДАТА НА ПЕЧАТОТ.

Слободата и не умеам докрај да ја објаснам само знам дека за неа најубаво пеат „неслободните“, ама она „печатот“ ме следи од времињата кога се троумев кој пат да го фатам. Е сега ќе очекувате длабокоумни тези за слободата на новинарството и анализа за денешните состојби на тој план. Не почитувани, има многу поумни наши сограѓани и почитувани колеги што ќе ви беседат за тоа. Јас овој пат ќе пишувам за свежата боја на утрешниот печат и едни бели панталони ставени во ризична состојба од печатарската боја на вчерашните весници.

Далеку беше некогашното Скопје од Штип и по малку зафрлено. Тогаш тоа беше 86 километри од нашиот центар на преокупација, а богами и неограничени емоции со кои се расфрлавме како да се означени со знакот за бесконечост. Се возевме со автобус цели два часа со една пауза во Т. Велес и тоа под мостот до Вардар. Да се скрати времето се земаше од трафиката некој весник и се листаше до старата автобуска станица во Скопје што сега служи како подлога на музеј и катна гаража. Незаобиколен беше кондуктерот зошто пред неговото столче до предното стакло секогаш имаше куп весници со свежи и изминати датуми. Ако не си снабден со весник за до Скопје, тоа беше нешто како прва помош.

Недела навечер и последниот автобус за Скопје полн со студенти и други намерници полека тргнува по патот. Трафиката затворена и не се наоружав со потребните состојки за патување. Млад човек со сино палто насмеано ми рече дека можам да земам од весниците, ама да ги вратам, зошто и некој друг ќе сака да чита. Тоа што датумот на предната страница не се поклопува со актуелниот ден воопшто не беше важно. Седнав некаде при крајот и почнав да читам од последната страница. Важните теми секако се на понапредните страници и треба психички да се подготвам за таквите тешки теми. Како низ процепот на Oпсерваторијата Кокино од некаде ми блесна некаков зрак со бела боја. Силуета на витка девојка со рамна коса која се потпираше на рамениците, бледо сина кошула со долги крагни и наочари со црвенкаста боја што помагаа видикот да биде појасен. Светлината на возилата што доаѓаа од спротивниот правец целата нејзина фигура ја правеа како обвиткана со некаква светлосна аура. Носеше бели фармерки, модерни во тие осумдесеттите, стегнати со дебел каиш од војничка провиниенција, но со некаква таинствена тока за закопчување. Широката насмевка што ми беше позната од штипското корзо и гимназиските ходници веднаш ѝ ослободи место до мене што го чував за соседот што се двоумеше дали да седи со мене или да расправа со кондуктерот може ли да го нарекува кон-доктор што значеше добра титуларна перспектива, а некако пророчки го најавуваше денешното време кога се измешаа академските титули и статуси.

Кадифениот глас ми го одзеде сто два посто вниманието, а весникот го држев во раце, месејќи го во склад со бурата емоции што се појави во мене. Гледајќи дека весникот е во деликатна безбедносна ситуација веднаш ја презеде улогата на кризен менаџер.

– Има ли нешто интересно во весникот? Автоматски го пеглам весникот и ја отворам последната страна со распоредот на телевизиската програма и крстозборката. Нема ништо интересно барем засега, стратешки одговарам и свртувам нов лист.

На цела страна рубрика за културата и опис на премиерата на најновата претстава на Драмски – Дупло дно од Горан Стефановски, а во режија на Слободан Унковски. Наслов што отвора широки теми и го стеснува светот меѓу нејзините очила и моите тези за слободата и поединецот како во Дупло дно. Навлегуваме во принципиелни спорови, а патот сам си врви низ рамно Овче Поле. Спортот го прескокнувам, завземајќи мачо позиција, ама нејзината рака цврсто ме враќа во реално време и погледот како снајпер го насочува кон спортската страница каде пишуваше за успехот на Југопластика и четириесетте поени на Дамир Шолман.

– Имам генетски врски со приморјето, ми објасни, а јас почнав да ги анализирам нејзините складни црти, барајќи врска со темпераментните далматинки. Неврзаните беа скромно застапени со половина страница, а случките на Косово и партиската диференцијација таму на цела страница. Реформите во образованието беа заглавени со слика на проф. Шувар и неговото објаснување од потребата за насочено образование, кое ќе биде пред сѐ направено за потребите на самоуправните економски субјекти. Чудо едно, на средната страна на весникот опис на концертот на Рибја Чорба во Загреб и критика на новиот албум на групата Филм. Е, тука си на мој терен си реков и ја заокупирав целата подмостовна автобуска станица во Титов Велес со свои мислења за текстовите на Стублиќ и музичката подлога на „новиот бран“ рок музика во  Југославија. Од време на време ги вадеше очилата и трепкаше како пеперутка привлечена од уличната светилка. Вечерната темнина го поклопи патот, а само фаровите на автобусот го осветлуваа правецот како уште тогаш да беа ставени европските коридори. Кон предната страница на весникот не се пристапуваше зошто разговорот се премести на некои тешки емоционални теми за суштината на постоењето, за суштината на верноста и цврстината на врските. Воздухот на седиштето се згусти и правеше обвивка во која се одвива разговорот кој беше заштитен од секакво надворешно влијание.

Весникот постепено се виткаше во моите раце и добиваше некаква форма која зависеше од темата на разговорот, ама успеа да преживее до Автокоманда каде свежиот воздух на отворената врата го разблажи згуснатиот воздух околу нас.

Автобуска станица Скопје со грбот свртена кон Калето, а широко отворена кон Вардар беше краен дострел на патувањето каде се стигнуваше околу 22 часот. Неколку автобуси со запалени светла нетрпеливо чекаа да го продолжат својот пат, а дебелината на прашината врз лимените трафики со карактеристика на времени објекти кои тој статус го носеа половина век беше рамна на дебелината на снегот на Попова Шапка во време на Шарпланинскиот слалом. При слабата светлина прашината изгледаше како мека покривка. Само неколку улични светилки го осветлуваа кејот на Вардар, а ние со куферите симнати од кон-докторот стоевме еден спроти друг. Другата страна на реката не се гледаше од есенската магла, ама и таа далечина нѐ ни беше важна.

Добро се договоривме рече таа. Се гледаме утре во трговски, па после морам да одам за Сараево имам предавања таму. Кога зачекори низ појаката светлост забележав дека на беспрекорно белите пантолони се оцртуваат флеки од црна весникарска боја. Утре ќе ѝ кажам или пред да оди за Сараево си помислив. Нека остане тоа за утрешните вести. Не давав слабост, иако тој град од тогаш ми стана некаква судбинска дестинација и кога и да отидам во него ја продолжувам приказнава за истутканиот весник и неговата печатарска боја. Стоев така покрај мојот куфер и го отворив весникот како во него да беше скриено нешто драгоцено. Исчекорив пред светилката и погледнав во датумот. Тоа беше весник од пред пет дена, поточно од минатата среда. Да, датумот беше изминат, ама вестите беа свежи и важни, а за мене овековечени. Се свртев да го вратам весникот на кон-докторот, ама тој беше веќе заминал. Го свиткав внимателно и го ставив во внатрешниот џеб. Остана таму засекогаш.

Утрешни вести, купете Нова Македонија, купете Вечер и Екран, продорно викаше човекот што седеше на излезот од автобуската станица. Купив и Македонија и Вечер и Екран. Ги свиткав заедно и го нурнав лицето во нив. Како да сакав сите утрешни вести и информации одеднаш да ги прочитам. Се измеша вкусот на хартија, печатарската боја и мојата пот зачинета со неколку солзи. Поминав покрај излогот на првата продавница и погледот ми се сврте кон еден издолжен лик со зелени панталони  и летна виетнамка со исшарано лице од некаква црна боја. Тешка насмевка ме поклопи и тогаш сфатив дека таа боја и тој мирис на печатарска боја сум ја внел длабоко во себе и дека за таа болест нема лек.

А за слободата на печат беше зборот? Па за тоа и пишувам. Нема слобода од судбината има слобода за туѓите судбини. Или беше слободи? Кој ќе знае после толку печатарски бои кои поминале низ моите мисли.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ