• Latest
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Вакцините се безбедни, граѓаните го преферираат „Фајзер“

March 20, 2021
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Вакцините се безбедни, граѓаните го преферираат „Фајзер“

March 20, 2021 09:24
in ВЕСТИ, КОВИД-19
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Share on FacebookShare on Twitter

Здравствените власти тврдат дека секоја вакцина која што е сега присутна или допрва ќе влезе во земјава ќе биде безбедна за користење. Системот е подготвен и точно се знае како ќе се одвива масовната имунизација на населенито што треба да почне со вакцините на „Астра Зенека“ и на кинески „Синифарм“, кои се очекува да пристигнат на крајот на март и почетокот на април, а потоа и со „Фајзер“ и руската „Спутник В“. Јавноста, пак, е поделена околу вакцинирањето против Ковид-19, а најпреферирана е вакцината на „Фајзер“.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера појасни дека тоа што се создаде малку сомнеж, компликации, несакани ефекти од вакцината на „Астра Зенека“ поради што неколку национални агенции на некои европски земји го запреа вакцинирањето, дефинитивно го демантираше Европската агенција за лекови, која потврди дека вакцината е целосно безбедна и нема никаква директна причинско-последична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината.

„И затоа сега сите европски земи коишто привремено ја запреа вакцинацијата ќе ја продолжат вакцината на „Астра Зенека“. И според нашите сознанија, деталните анализи на публикациите коишто излегуваат од овие несакани ефекти, анализата на упатствата од буквално сите вакцини коишто ги имаме и коишто ќе дојдат во нашата земја се, дека сите вакцини се безбедни и корисни и дека служат за вистинската цел за која што треба, а тоа е да спречат несакан смртен слуај од болеста или тешка форма на болеста“, нагласи Филипче.

Тој потенцира дека прва вакцина која што ќе стигне преку ковакс-механизмот е на „Астра Зенека“, доколку претходхно не стигнат кинеските вакцини.

Прашан дали како министер за здравство заедно со некои други политичари ќе се вакцинира со вакцината на „Астра Зенека“ за да ги увери граѓаните дека е безбедна, Филипче рече „дефинитивно да“.

„Имајќи предвид дека гледаме сега дека навистина скепсата е најголема во однос на таа вакцина, да, дефинитивно“, изјави Филипче.

Од друга страна, јавноста е поделена околу вакцинирањето против Ковид-19. На ОМНИБУС истражувањето спроведено од БРИМА од 24 февруари до 9 март 2021, 37 отсто од граѓаните изјавиле дека сакаат да се вакцинираат додека 36 проценти експлицитно изјавувиле дека „нема да се вакцинираат, односно дека не сакаат да се вакцинираат“. Речиси една четвртина (23%) се двоумат и би почекале да видат дали вакцинирањето ќе има несакани последици.

Анализата покажува дека 52 отсто од испитаници на возраст од над 55 години сакаат да се вакцинираат, наспроти само 35 проценти од граѓаните на возраст од 35 до 54 години и 24 отсто од анкетираните во старосната категорија од 15 до 34 години.

Според работниот статус на испитаниците, 61 проценти од пензионерите сакаат да се вакцинираат, а кај другите категории – вработените, невработените, домаќинки и студентите процентот се движи во опсег од 21 до 36 отсто. Од друга страна, 41 проценти од испитаниците од урбаните средини сакаат да се вакцинираат, наспроти 32 отсто од оние што живеат во руралните средини.

Меѓу испитаниците најмногу преферирана е вакцината на „Фајзер-БиоНТек“ (22 отсто), потоа е руската вакцина Спутник В (17 проценти), 7 отсто би ја преферирале кинеска вакцина, 5 проценти се за „АстраЗенека“ и 3 отсто за „Модерна“. Една четвртина (25 проценти) не знаат со која вакцина би сакале да бидат вакцинирани против Ковид-19, а на 20 отсто им е се едно со која вакцина ќе бидат вакцинирани.

„Ова истражување иницира повеќе дополнителни истражувачки прашања меѓу кои се и зошто помладите во повисок процент не сакаат да се вакцинираат, кои се причините што влијаат за оваа поделеност во јавноста во врска со вакцинирањето, како и во врска со изборот на типот на вакцина, дали се граѓаните доволно информирани за ефикасноста на вакцините – од кои и какви извори на информации и каква е потребата за широка кампања за подигнување на свеста во врска со вакцинирањето и вакцините“, наведуваат од БРИМА.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 999 случаи на коронавирусот од направени 3.566 тестирања. Починаа 21 лице, а оздравени се 711 пациенти.

Во болниците низ земјава хопситализирани се 1224 ковид-пациенти и има околу 317 празни болнички кревети.
На инфективните оддели во Скопје се лекуваат 520 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија.
Во ковид центрите во другите градови, пак, се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, најмногу во Прилеп 107, во Куманово 102, во Охрид 91 и Битола 73.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава изнесува 711, на оздравени е 99.837, а на починати 3.424. Бројот на активни случаи изнесува 14.176. Досега во земјава се направени вкупно  582.489 тестирања за Ковид-19./МИА/
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ