Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера преку социјалните мрежи повика на учетво на Марш „Чекориме за правда“. Заев ги повикува сите правдољубиви луѓе, понеделник, во 18 часот, пред Собранието „Да чекориме во име на правдата. „Ве повикувам да се приклучите кон Маршот „Чекориме за правда”, беше повикот на Заев по повод Маршот за правда закажан за денеска.

Од друга страна Фејсбук страната „Нема правда има мир“ направиле лажен Фејсбук настан „Чекориме за неправда“. Оваа Фејсбук страна пласира вести од портали со сомнителна сопственост и постови со говор на омраза, на која можат да се забележат текстови кои повикуваат на насилство.

Во најавата на лажниот настан користен е сличен текс со испревртена содржина како и во најавата на автентичниот настам што создава забуна кај читателот и дезинформира. Насловната фотографија на фејк настанот е иста со автентичниот настан со само една додавка „НЕ“. На лажниот настан користен е и сличен фонт и истите бои.
Лажниот настан е направен само неколку часа откако е објавен автентичниот Марш „Чекориме за правда“.
Овој фејк настан е лажна вест која истовремено дезинформа и погрешно наведува.
извор: Јане Ѓорѓиоски/ Фронтлајн