• Latest

Варадкар: Битката против корупцијата нема да заврши кога ќе се приклучите кон ЕУ

January 12, 2024
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Варадкар: Битката против корупцијата нема да заврши кога ќе се приклучите кон ЕУ

January 12, 2024 18:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против корупцијата е битка која е постојана и која нема да заврши кога ќе се приклучите кон ЕУ, туку таа мора да продолжи постојано, порача денеска ирскиот премиер Лео Варадкар на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Скопје.

-На нашата средба со премиерот Ковачевски, тој истакна дека корупцијата ја има насекаде и може да се случи и во Европската Унија, и таа не е уникатна за некоја одредена земја, или за некое одредено правосудство. Но сметам дека треба да се гонат ваквите случаи, затоа што така се праќа порака до луѓето, дека доколку се впуштат во коруптивни дејствија нема да успеат, подвлече Варадкар.

Според него, како членки на ЕУ треба да го препознаат фактот дека корупцијата може да се случи и во нивната држава и во ЕУ.

Варадкар, одговарајќи на новинарски прашања, повторувајќи ја силната поддршка за зачленување на земјава во ЕУ, истакна дека оваа година ќе има нов состав на Европскиот парламент и Европска комисија, и оти би сакал отворањето преговори да се случи во мандатот на следната Комисија и следниот Парламент.

-Сметам дека тоа бара многу работа, тука во Северна Македонија, но ќе бара и соработка и помош и од другите европски држави. Би сакал да видам неколку земји што ќе се приклучат кон ЕУ во мандатот на следниот Парламент и следната Комисија. Сметам дека тоа ќе испрати силна порака до сите земји од регионот, дека преземањето чекори на европскиот пат, ќе бидат наградени. Не можеме секогаш да кажуваме дека нешто треба да се направи за да се приклучите кон ЕУ, а потоа да не се дозволи тоа приклучување. Сметам дека тоа е она што се случи со Украина, затоа треба да се забрзаат чекорите, а затоа е потребно забрзување од двете страни, забрзани реформи во земјава која сака да се приклучи, но и поголема подготвеност на ЕУ да прифати нови земји-членки, особено мали членки кои немаат голем број на население, и мислам дека нема да го попречат буџетот и системот што може да се случи со некое поголемо проширување, рече Варадкар.

Премиерот Ковачевски се согласи со неговиот ирски колега дека борбата против корупцијата е борба која никогаш не престанува.

-Таа секогаш има два елемента, прво е идентификување. И самото тоа што вие го потенцирате дека има корупција, тоа значи дека таа е видлива и откриена. И вториот елемент, е процесуирање од страна на надлежните органи кои се задолжени тоа да биде процесуирано и оние кои се сторители на одредено дело кое е противзаконско, да бидат санкционирани согласно со закони. Корупција има секаде. Корупција има и во Европскиот парламент. Таму беа идентификувани високи функционери кои беа вмешани во местење на доделување на земја домаќин на светско првенство. Тие беа идентификувани и процесуирани. Системот кај нас дозволува независно процесуирање на секој идентификуван сторител на кривично дело и затоа има задолжени институции кои не се во состав на Владата, туку се независни правосудни органи, рече Ковачевски.

Tags: ЕУЛео Варадкар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ