• Latest

Вархеји: Ќе ги забрзаме процесите на интеграција на Западен Балкан во ЕУ

January 16, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вархеји: Ќе ги забрзаме процесите на интеграција на Западен Балкан во ЕУ

January 16, 2020 08:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји вчера престојуваше во прва посета на Северна Македонија, откако стапи на должноста нов еврокомесар. Тој упати порака дека интергацијата на Западен Балкан во ЕУ ќе продолжи и Европската Комисија уште посилно и понапорно ќе работи за да го оствари тоа. Вархеји исто така рече дека потребно е да продолжи досегашната работа во имплементација на реформите, а приоритет треба да се даде на новиот закон за јавно обвинителство. Изрази надеж дека тој ќе биде донесен од страна на сегашниот Парламент и тоа, како што рече, ќе биде добар знак упатен до земјите-членки.

– Мора да ги забрзаме процесите и да вметнеме динамика во нив, но истовремено да ги направиме посигурни и поверодостојни за сите нас и за рагионот и за земјите членки, порача Вархеји и додаде дека проширувањето за новата ЕК останува приоритет.

Подвлече дека мора да се работи врз основа на процената дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори.

– Нема промена во тој став и ќе се држиме до таа првична процена дека мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји. Тоа значи дека треба да имаме позитивна одлука од Советот за отворање на пристапните преговори пред Самитот во Загреб годинава, изјави еврокомесарот Вархеји.

Во однос на новиот пристап, рече дека тој ора да биде сигурен и попредвидлив, и ќе мора да биде малку пополитички и објективен, но и со поголема динамика.

– Сакаме да предложиме отворање на пристапни преговори уште пролетва, но тоа треба да дојде заедно со економски план за регионот. На Самитот во Загреб се надевам дека ќе ја добиеме поддршката на земјите членки за интензивирање на нашето присуство и затворање на економскиот јаз меѓу вас и нас, изјави Вархеји.

Тој нагласи дека очекува успешни избори, по кои ЕУ ќе добие сигурен партнер во Владата, посочувајќи дека е клучно спроведувањето на Преспанскиот договор и билатералниот договор со Бугарија, без разлика на тоа која ќе биде следната влада. Додаде дека сакал својата прва посета да ја посвети на нашата земја, бидејќи, како што рече, направила многу за членство и го испорачала историскиот Преспански договор.

Премиерот Оливер Спасовски изрази очекување дека средбите и комуникацијата со Вархеји ќе добијат на интензитет, бидејќи како што рече, влегуваме во клучен период за остварување на нашата стратешка цел, членство во ЕУ.

Рече дека со ништо нема да се загрози постигнатото поради што добивме и признание од Европската комисија минатата година кога на Европскиот совет му беше предочено итно и безусловно стартување на пристапните преговори.

– Препораката дојде како резултат на успешно спроведените реформи и како резултат на храбрите одлуки за решавање на недоразбирањата со нашите соседи, кои нашите аспирации за членство во ЕУ ги направија реалност, рече Спасовски на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Вархеји.

Вархеји се сретна и со претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата истакнал дека земјава останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има национален консензус меѓу политичките чинители и висока поддршка од граѓаните. Претседателот изразил надеж дека до март годинава ќе биде дефинирана новата методологија за водење на процесот на пристапните преговори меѓу земјите членки на ЕУ.

Вархеји оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на СДСМ Зоран Заев, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

На средбата во Министерството за надворешни работи, министерот Димитров на гостинот му порача дека ние сме заинтересирани што побрзо да се објави предлог методологијата и дека очекува тоа да ги разреши сите дилеми и задоволително ќе ги отслика барањата на сите земји-членки за заживување и зацврстување на процесот на проширување.

-Донесувањето на одлуката за почеток на преговорите е од клучно значење. Северна Македонија направи сè што се очекуваше од неа за да се донесе заслужената позитивна одлука, истакна Димитров.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на средбата со Вархеји истакна дека Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Северна Македонија во прецот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата.

– Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните, истакна претседателот Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски со Еврокомесарот Вархеји, разговарале за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија, нашата европперспектива, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата државата на патот кон Унијата.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен вчера изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Во текот на претставувањето на хрватскиот претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лејен, ја повика ЕУ да го оддржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.

-Доколку сакаме успешен самит ЕУ- Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан – Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори, порача вчера Фон дер Лејен.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ