САД веќе неколку месеци водат приватна комуникација со Москва во која го предупредуваат руското раководство за тешките последици што ќе следат по употребата на нуклеарно оружје. Според официјални лица, пораките го нагласуваат она што претседателот Бајден и неговите помошници го артикулирале јавно, пренесува Вашингтон пост.
„Стејт департментот е вклучен во приватните комуникации со Москва, но официјалните лица не кажуваат кој ги доставил пораките или обемот на нивната содржина. Не е јасно ниту дали Соединетите Држави испратија нови приватни пораки неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин ја упати својата најнова прикриена нуклеарна закана за време на говорот во кој најави делумна мобилизација рано во средата. Сепак, официјалниот претставник вели дека комуникацијата се случува постојано во последните месеци“, велат од Вашингтон пост.
Според весникот иако претставници на администрацијата на Бајден нагласуваат дека ова не е прв пат руското раководство да се заканува со употреба на нуклеарно оружје од почетокот на војната во февруари и дека нема индикации дека Русија го придвижува своето нуклеарно оружје како подготовка за неизбежен напад, сепак, неодамнешните изјави на руското раководство се поконкретни од претходните коментари и доаѓаат во време кога Русија се тркала на бојното поле од украинската контраофанзива поддржана од САД.
Администрацијата на Бајден би се соочила со криза доколку Русија употреби мало нуклеарно оружје во Украина. Секој директен воен одговор на САД против Русија би ја ризикувал можноста за поширока војна меѓу нуклеарно вооружените суперсили – чие избегнување администрацијата на Бајден го направи својот бр. 1 приоритет во целото нејзино креирање политики за Украина, коментира Вашингтон пост.