Кардиналот Роберт Превост од Соединетите Американски Држави е избран за следен папа, првиот американски понтиф во историјата. Тој ќе биде познат како папа Лeo XIV. Во своето прво обраќање како папа од балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, тој повика на мир и му оддаде почит на покојниот папа Франциск пред воодушевената публика.
Роберт Превост, сегашен папа Лав XIV, е роден во Чикаго, Илиноис, во 1955 година.
Превост дипломирал математика на Универзитетот Виланова во Пенсилванија, а потоа дипломирал теологија на Католичката теолошка унија во Чикаго.
Подоцна бил испратен во Рим да студира канонско право на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ и бил ракоположен за свештеник во јуни 1982 година. Подоцна во својата кариера, предавал канонско право во семинаријата во Трухиљо, Перу.
Иако често се вели дека кардиналските изборници секогаш би се воздржувале од избор на папа од САД поради огромното глобално политичко влијание на Америка, долгото искуство на Превост во Перу можеби ги ублажило тие стравови кај изборниците.
Новиот папа Лео е лидер со глобално искуство. Голем дел од својата кариера го поминал како мисионер во Јужна Америка и служел како епископ во Перу. Неодамна водеше моќна канцеларија во Ватикан за назначување епископи. Се очекува да продолжи со реформите на папата Франциск.
Д. Т.