• Latest

Ветуваат премиер, а главниот вицепремиер на ДУИ рабoтел со 0.0% транспарентност

June 21, 2020

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ветуваат премиер, а главниот вицепремиер на ДУИ рабoтел со 0.0% транспарентност

June 21, 2020 14:29
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Во извештајот за индекс на активна транспарентност објавен од Центарот за цивилни комуникaции и УСАИД, се вели дека многу централни и локални институции предводени од кадри на ДУИ, имаат проблем со транспарентноста.

Најскандалозна ситуацијата е во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од вице премиерот, Садула Дураку. Оваа министерство дојде како замена за Секретаријатот за спроведување на Рамковниот Договор, и продолжи да се води од кадар на ДУИ, партија која на овие парламентарни избори бара да мандатира премиер.
Во листата од 98 локални и централни институции, на последно место се наоѓа токму министерството предводено од вицепремиерот Дураку, а најтрагичен е и фактот што оваа институција е и едиствена која е оценета со 0.0% транспарентност.
Но, не се многу подобри и некои општини предводени од кадри на истата партија (ДУИ). Во групата на институции со слаба транспарентност, на 77 место се наоѓа Општина Струга со 39.4% транспарентност, а по неа на 81 место се наоѓа Општина Чаир со само 29.4%. Но, други градоначалници на ДУИ успеале да се спуштат и уште подоле од своите сопартијци. Општина Сарај која се води од поранешниот министер за правда, Блерим Беџети, е рангирана на 86 место со 25.4%, а едно место подоле се наоѓа и Општина Теарце со 23.2% активна транспарентност.
Во иста група со министерството на Садула Дураку со “многу слаба” активна транспарентност се наоѓаат и уште две општини, Пласница која ја води Исмаил Јаховски, носител на листата за пратеници на ДУИ во 5 Изборна единица и Општина Липково, која во предходниот мандат ја раководеше токму Садула Дураку.
Најдобро рангирана институција која се раководи од кадар на ДУИ, е министерството за економија, која се наоѓа на 29 место и спаѓа во групата со “добра” активна транспарентност. Инаку во првата група “многу добра” каде се рангирани 20 институции, нема ниту една раководена од кадри на партијата на Али Ахмети.
Арбен Зеќири
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ