• Latest

Вистиномер: Антиваксерство со злоупотреба на името Исусово и преку лажно тврдење за вакцините

May 6, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Антиваксерство со злоупотреба на името Исусово и преку лажно тврдење за вакцините

May 6, 2021 10:36
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Фејсбук пост со наслов „Не ви ги даваме децата“, преку злоупотреба на религиски чувства и лажни информации повикува на антиваксерство. Настрана фактот што децата засега не подлежат на вакцина против ковид-19, пишува „Вистиномер“ во анализа што подолу ја пренесуваме во целост.

Објава на Фејсбук на македонски јазик во која има порака-проглас насочен кон јавноста со неколку елементи, а кои се во суштина антивладини пораки, тежиштето го става на антиваксерството генерално, но, пред сè, против корона вирусот и болеста ковид-19, ако се погледне прецизно пораката.

Во повикот, во чија суштина треба да биде грижа за децата, провејуваат повеќе пораки, почнувајќи од тоа дека било неприфатливо за децата да учат во образовниот процес теми поврзани со сексуалните и родовите различности кај луѓето, до тоа дека некој на децата им ја земал иднината преку „распродавање без пари“ на верата, земјата идентитетот, културата, итн…, а помеѓу е пласирана следната невистина за вакцините:

Нема да им вбризгате во телото генетски модулатори и транс хуманистички секвенци (лажно наречени вакцина), дури и по цена сами да ги лечиме.

Под ваквиот пост е објавена илустрација/постер, која се гледаат возрасно лице и дете, а која е авторски заштитена и може да се најде на „Шатерсток“ и на „Адоуб“ сајтовите за продажба на фотографии и други визуелни елементи и која, според длабинското испитување на потеклото на фотографијата, очигледно е користена за повеќе намени – од образовни, за тоа како се постапува со децата, до тоа како „децата да се воспитуваат сатанистички“, односно онака како што му одговара на оној што ги откупил правата за користење на илустрацијата…

Во овој случај што го рецензираме, илустрацијата е искористена за ширење порака како да се воспитуваат и децата и нивните родители антиваксерски и која во слободен превод гласи вака:

„Нема да и дозволам на владата да ти вбризга отров, па што и да се случи“!

Вакцините не се даваат на деца

Самата порака за вакцината е во суштина невистинита и се однесува на вакцините против ковид-19, за кои се вели дека наводно содржат: „вбризгување на генетски модулатори“ и „транс хуманистички секвенци“. Но, ова, пред сè, е невистина, затоа што засега вакцината не се дава на деца и малолетни лица.

Со оваа порака авторот на постот сосема јасно посочува дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат генетска модулација (која би водела до менување на гените, како што најчесто се чита) и секвенци од вирусот, кои би го измениле човекот онаков каков што го знаеме и со помош на науката, која доведе до вакцините, тој би се сменил и бил или подобар или полош во однесувањето, животниот век, сознајните способности, итн (основата е во трансхуманизмот како философско учење).

Де факто, преку вакцините не се вбризгува генетски модулатор, затоа што при вакцинацијата со таканаречените информациони РНК вакцини или мRNA, ниту се модулираат, ниту се менуваат гените кај човекот. ДНК служи, пред сè, за производство на протеин во клетките, таа информација се пренесува преку РНК до секоја клетка. Она што се прави со вакцината е што однадвор, преку фрагменти од генетскиот материјал на вирусот, се дава упатство каков протеин да се произведе, а кој би бил отпорен на корона вирусот.

Еве еден пример како врз основа на научни извори, германскиот медиум Дојче Веле ја појаснува новата технологија на вакцината што функционира против ковид-19:

Главна разлика во однос на другите, етаблирани вакцини, е тоа што тие не содржат ослабени или убиени вируси, туку само упатство за градење на еден дел од патогенот ковид-19. Тоа упатство во форма на т.н. иРНК-молекул доаѓа во телото, каде тогаш човековите ќелии сами произведуваат протеин на вирусот – т.н. спајк протеин.

Во случајот на Сарс-Ков-2 тоа е спајк-протеин од горната површина на вирусот. Тој го стимулира човековиот имунолошки систем да произведува антитела. Првите податоци од клиничките испитувања покажуваат дека вакцините се многу ефикасни и оти организмот генерално добро ги поднесува. Слични реакции постојат и кај другите типови вакцини и тие се знак дека таа го прави тоа што треба: ја поттикнува работата на имунолошкиот систем.

За тоа дека преку ваквата интервенција, која во постот се нарекува генетска модулација, не може да дојде до измена на генетскиот систем кај човекот, се објавени мноштво појаснувања и текстови, а дел од нив и на Вистиномер.

Злоупотреба на Исус

Покрај манипулацијата со генетското модулирање преку вакцините, се шири и нетолеранција кон современата медицина преку верата, затоа што на крај се употребува и името на Исус како врховен заштитник со пораката: „Не плашете се јас сум со вас до крај на светот“. Тоа значи – не се вакцинирајте, Господ Бог ќе ве заштити!

Бидејќи и другите пораки во повикот под точка 1 и 3 содржат невистини, исто како што и илустрацијата/постер е невистинита, т.е. „модулација“ на оригиналот, целиот пост може да се оцени како порака која е базирана на невистини, пишува „Вистиномер“ во анализата. / META

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ