• Latest

Вистиномер: Австрија нема да ги боцка сите луѓе додека не ги испоубие!

February 6, 2022

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Австрија нема да ги боцка сите луѓе додека не ги испоубие!

February 6, 2022 16:55
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Австрија не присилува никого да патува во оваа земја, а уште помалку „ќе ги боцкаат сите луѓе додека не ги успоубијат“, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. Но, секоја држава има дискреционо право да одлучува за исполнување на неопходни услови при влез на нејзина територија. Според важечките правила на земјата, бремените жени и оние кои не можат да ја примат вакцината од медицински причини може да влезат во Австрија ако покажат медицински сертификат и негативен ПЦР тест. Значи, постојат и исклучоци од правилото за оние кои од медицински причини не смеат да се вакцинираат, со што уште еднаш се потврдува дека Австрија нема намера да присилува никого на вакцинација. Впрочем, туристите кои доаѓаат во Австија се вакцинираат во своите матични земји, доколку сакаат, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Вистиномер рецензира пост на Фејсбук во кој се вели дека „нацистичка Австрија ќе ги боцка сите луѓе додека не ги испоубие“. Во склоп на постот е објавена вообичаена и неспорна вест во која се информира дека Австрија воведува нов режим за влез во земјата, според кој патниците од странство, независно од која држава доаѓаат, можат да влезат во земјата без дополнителни документи ако примиле три дози вакцина против коронавирус. Оние кои не ја примиле третата доза од вакцината може да влезат во Австрија, ама мора да приложат негативен ПЦР тест, под услов да имаат примено 2 дози или да имаат прележано ковид. Ако овие лица немаат негативен ПЦР тест, тогаш мора да бидат ставени во каранин кој може да се прекине со ПЦР тест со негативен резултат.

Базирано на ваков професионален и вообичаен напис со информативна содржина и без коментаторски елементи, во постот се тврди:

– Нацистичка Австрија вклучена на најјако. Ќе ги боцкаат сите луѓе додека не ги испоубијат. 

Вакцинацијата против ковид-19 не е задолжителна во РС Македонија, меѓутоа за влез во странска држава, секоја земја има дискреционо право да одлучува како ќе се постави во поглед на политиките за вакцинација и докажување на вакциналниот статус на туристот. Со вакцините против ковид- 19 не се убиваат, туку се спасуваат луѓе од смртен исход од болеста предизвикана од коронавирусот.

Австрија воопшто не ги присилува странските државјани да се вакцинираат, но при влез на нејзина територија има дискреционо право да одлучува за потребните услови. Ниту ги боцка, ниту ги убива. Според официјалните правила, објавени на следниот линк, бремените жени и оние кои не можат да ја примат вакцината од медицински причини, во Австрија може да влезат ако покажат медицински сертификат и негативен ПЦР тест. Значи, постојат и исклучоци од правилото за оние кои од медицински причини не смеат да се вакцинираат, со што уште еднаш се потврдува дека Австрија не претендира да присилува никого на вакцинација.

Понатаму, доказот за вакцинација, потребен за да се влезе во Австрија, е за вакцини кои воопшто не се администрирани во Австрија, туку во странство. Во Австрија само се приложува доказот за таа веќе спроведена имунизација, во форма на вакцинален сертификат или сертификат за прележан ковид-19.

На веб-страницата за патување во Австрија се вели дека во земјата може да влезат и тие што немаат примено трета доза. Но, треба да покажат доказ за примените две први дози, да се регистрираат на следниот линк, и веднаш мора да се самоизолираат 10 дена додека да добијат негативен ПЦР тест.

Дури 72 проценти од Австријците се целосно вакцинирани против коронавирус, што е малку повеќе од европскиот просек од 70 проценти.

Речиси половина милион животи во Европа се спасени благодарение на вакцинацијата. Дополнително, спречени се тешки исходи од ковид-19, кои би се случиле кај поголем број пациенти кога тие би биле невакцинирани.

Тврдењето во постот дека вакцините против ковид-19, наводно, се отров, обид за убиство, план за депопулација од големи и скриени елити или влади, како и дека се предизвикувачи на смрт, претставуваат само неосновани теории на заговор, со цел да се минимизираат позитивните ефекти од вакцините. Уште пострашно е што антивакциналните кругови споделуваат информации од системи за пријава на несакани ефекти по вакцинација, за кои не постојат докази дека несаканиот ефект настанал како последица на вакцината и тоа го посочуваат како тнр доказ дека вакцините се смртоносни. Вистината е дека најголемиот дел од несаканите ефекти, кои се јавуваат после вакцинација, се благи и поминуваат за неколку денови, а пријавите за несакани ефекти во системи за несакани реакции не се доказ дека вакцините ги предизвикале.

Австрија од своја страна, не присилува никого да патува во нивната земја, а уште помалку ќе ги боцка сите додека не испоумрат, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме. Австрија само ги штити своите државјани од влез на импортирани случаи на ковид-19. Затоа, оценуваме дека не е вистина оти Австрија ќе ги боцка сите луѓе додека не ги испоубие. Впрочем, туристите кои доаѓаат во Австрија се вакцинираат во своите матични земји, доколку сакаат, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ