• Latest

Вистиномер: Дивеењето на навивачи во Шкотска, претставено како „крај на лажната пандемија“

March 31, 2021

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Дивеењето на навивачи во Шкотска, претставено како „крај на лажната пандемија“

March 31, 2021 20:02
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вистиномер рецензираат пост на Фејсбук кој е споделен во група „Вистината на дело“, со следниот опис:

Шкотска.

Доста е од лажната пандемија

Под постот се наоѓа видео материјал на кој се гледа голема група на луѓе кои се движат на улица и скандираат нешто. Само од вака објавеното видео, без да се каже за што се однесува ваквиот собир, се добива впечаток дека граѓаните решиле да ги бојкотираат мерките за заштита од коронавирусот. Освен тоа, пандемијата се нарекува лажна, што не е вистина. Во Шкотска се регистрирани 207 илјади случаи на коронавирусот и 7.461 починато лице.

Но, собирите во Шкотска, кои се случиле на 7 март годинава, немаат никаква врска со пандемијата од коронавирусот. Станува збор за собири и прослави на навивачи и поддржувачи на Ренџерите, фудбалски тим кој е прв во премиер лигата на Шкотска.

Шкотската влада остро ги осуди собирите од страна на Рејџерите, односно навивачката група и најави дека пред следните натпревари ќе осигура некои построги мерки за да се спречи повторно вакви собири да се случуваат. 

Владиниот претставник Џон Свини, еден ден после овие органиизрани собири во Шкотска, како што може да се види од видео материјалот во продолжение, ги нарече истите срамни, а владата упати остри и тешки зборови за фудбалските фанови кои решиле да прославуваат на ваков начин, без почитување на мерките за заштита, без маска, без дистанца. (Изјавата на Свини може да се види од 27 секунда на видеото во продолжение).

Тој вели дека ваквите собири се срам и непочитување на сите кои се придржуваат на правилата и не се среќавале со семејството и пријателите, мерки кои овозможиле бројките да бидат под контрола во Шкотска.

Меѓутоа, во описот на споделеното видео, само се вели дека пандемијата е лажна и на начин што не се објаснува дека споменатите собири се осудени од владата, претставува грубо кршење на мерките кои се на сила во Шкотска, се прави претставување на настанот во лажен манипулативен контекст!

Пандмија има, владата на Шкотска ги осудува овие собири, ги оценува како срамни и го осудува и фактот што фудбалскиот клуб пропуштил да им се обрати на своите поддржувачи да се воздржат од масовни прослави, какви што, впрочем, се одржаа. Полицијата уапсила 28 лица, а парично казнила седуммина. Причините за апсењата вклучуваат напад врз полициски службеници, прекршување на правилата за заштита од коронавирусот, нереди и немири, употреба на пиротехнички материјал и нарушување на јавниот ред и мир.

Дел од граѓаните на Глазгов, се разочарани и затоа што во овие славења биле уништени  меморијални споменици на починати граѓани на Глазгов..

Доктор Џорџ Смит, рекол дека благодарение на овие нереди ќе следат лавина инфекции.

Мислам дека има голем и реален ризик дека ќе видиме скок во инфекциите наредниот период, како резултат на овие сцени што се случија викендов.

Постот што го рецензираме е со пропуштен контекст, односно, иако настанот на видеото навистина се случил, во оваа објава на Фејсбук тој е претставен погрешно, како прогласување на крај на некаква лажна пандемија. Иако, во Шкотска има официјални мерки за заштита од коронавирусот и нивното кршење наиде на остра осуда од владата, а медицинските професионалци оценија дека благодарение на овие собири ќе има зголемен број случаи од коронавирусот.

Со самото тоа што авторот на постот премолчил дека станува збор за фудбалско славење во време на пандемија, и, наместо тоа, настанот го прогласува за „крај на лажната пандемија“, врши манипулација.

Впрочем, за тоа дека видеото се злоупотребува за манипулирање на јавноста говорат и некои од оние кои коментираат под самата објава. Такви се, на пример, овие коментари:

  • Ова се навивачите на Глазгов Ренџер и слават титула,не пишувајте глупости!!!
  • Глазгов Ренџерс освоија титула…Слават навивачите..Ќе одете на бан.
  • …не е коректно и да ја лажат јавноста со извртени видеа..Слават навивачите на Ренџерс, а не е протест против корона..Тоа ми беше целта..Доста е со лажни вести, не знаеме веќе шо е лага а шо вистина.

извор: Вистиномер

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ