• Latest

Вистиномер: Националните медиуми не покриваат две третини од граѓаните со дописници од нивните места на живеење

January 25, 2022
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: Принтскрин

Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Генералниот секретар на Советот на Европа загрижен поради протестите во Србија: Власта да го почитуваат правото на мирно собирање

August 15, 2025
Фотографија: МИА Архива

Министерот за одбрана на САД Хегсет ќе се придружи на самитот Трамп-Путин во Алјаска

August 15, 2025

ЗНМ: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

August 15, 2025

24 ЧАСА: Кривична за екс- претседателка на ДКСК – обвинува за притисок од власта; Путин на гости кај Трамп; судири, солзавец и демолирање на протестите во Србија; САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

August 15, 2025
Фотографија: МИА

Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта

August 15, 2025

МВР поднесе кривична против директорката од Демир Хисар за одземање или уништување службен печат или спис

August 15, 2025
Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

(РЕПРИНТ) Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Вистиномер: Националните медиуми не покриваат две третини од граѓаните со дописници од нивните места на живеење

January 25, 2022 13:40
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на дописници од внатрешноста на државата е сведен на минимум. Македонската радио телевизија едвај има вработено неколку новинари од внатрешноста, додека приватните телевизии, земаат информации од хонорарно ангажирани новинари, пишува „Вистиномер“.

Неосигурани, без договори за работа, со сопствено возило и опрема, секојдневно на работа се упатуваат малкумина дописници и медиумски работници од внатрешноста, покажа анализата на Здружението на новинари на Македонија, спроведена во 2021 година. Посебно загрижувачки е што медиумите финансирани од државни пари воопшто немаат дописници од градовите од внатрешноста. Само пред 20-тина години, од источниот регион информации само за МТВ испраќаа околу 10 новинари, се присетува Иван Бојаџиски, кој е во новинарството во овој регион од 1964 година.

Само една колешка е редовно вработена како дописник на МТВ, сите други се хонорарци. Јас сум 60 години во новинарството и знам како беше порано. Секое гратче имаше дописник на Македонската телевизија и на Македонското радио. Сега има само дописник од Штип и тој не може сè да постигне, смета Бојаџиски.

Тој додава дека од над 900 вработени моментално во МРТ, во внатрешноста немаат ниту 10 луѓе.

Од Здружението на новинари веќе подолго време работат на проблемите со дописната мрежа. Досега имаат објавено неколку извештаи и публикации на ова проблематика. Драган Секуловски, директор на Здружението на новинари смета дека ситуацијата со дописната мрежа е прилично скромна.

Има некое благо подобрување споредено со ситуацијата пред 2-3 години, посебно во делот на МРТВ, меѓутоа сè уште не може да се каже дека имаме силна дописничка мрежа. Медиумите со национална терестријална концесија имаат дописници од сите поголеми центри од нашата држава. Кога се работи за теми од градовите, ретко која телевизија има дописник, пред сè, дописник којшто има уреден договор за вработување. Тие се ангажирани за скромни хонорари, дел од нив се и на парче, затоа, за да соберат пари за една пристојна плата, принудени се да работат за повеќе медиуми во исто време, смета Секуловски.

Тој додава дека ако некој медиум зема национална концесија, не може да ги фокусира своите информации само на Скопје.

Од анализите на ЗНМ се покажа дека МРТ мора да достигне значајни подобрувања не само во балансот на вестите и во делот на програмата, туку да стане лидер при промоција на професионалните стандарди за да ги мотивира приватните телевизии на долг рок да го следат таквиот пример.

2/3 од граѓаните плаќаат за информирање, информации има само 1/3

Според Извештајот на Здружението на новинари, каде автор е м-р Фиљана Кока, долгогодишен новинар, јасно се гледа диспропорцијата на распределбата на ресурсите во однос на медиумите.

Доколку ги споредиме, на пример износите (на платени даноци) од Скопје од 8,831,197,109 денари и од Штип 1,290,921,268 денари ќе добиеме сооднос на 6,8 спрема 1. Тоа значи дека на секои 6,8 новинари вработени во Скопје во првиот програмски сервис на МТВ, во Штип треба да има еден. Но, реалноста не е таква. Вработените новинари во информативна редакција ја надминуваат неколкукратно ова бројка од 6,8 новинари, а во Штип имаме само еден дописник, кој е задолжен да известува и за други населени места. Ваквата споредба не е само чиста математичка операција, туку добар показател за оправданоста на барањето во дописниот центар да има најмалку три вработени новинари. Граѓаните од Штип и околината учествуваат со одредена сума во буџетот на државата од каде се одделуваат средства за јавниот сервис. Граѓаните имаат свои секојдневни проблеми, со кои се соочуваат, од сите области на живеењето, за кои имаат потреба да бидат актуелизирани во пошироката заедница и пред централните власти токму преку јавниот сервис чија задача е да работи за јавно добро и за јавен интерес, се наведува во истражувањето на Кока.

На иста линија со истражувањето на ЗНМ е и новинарот Бојаџиски.

МТВ ја плаќаме сите. Данок се собира од цела Македонија, но 2/3 од граѓаните немаат никаков пристап до медиумите во земјава. Од 2005 до 2009 година бев член на Советот на МТВ и претседател на Програмска комисија. Тогаш зборувавме отворено за проблемот со уредниците. Од 1.100 вработени во МТВ, дописник немаше никаде. Ели Танаскова беше уредничка и ми рече дека имаме техничка можност да одиме до центарот на Скопје. Не можеме ниту Скопје да го покриеме, вели Бојаџиски.

Недостатокот на финансиски средства во касата на МРТ го нотира и Драган Секуловски, кој преку ЗНМ отворено бара решавање на проблемот.

Од денешна перспектива ниту 50% од буџетот на МРТВ не е исполнет. Ова се одразува и на кадровскиот потенцијал на МРТВ, а тоа се пренесува и на квалитетот на информирање во самата држава. Историски гледано, најмалиот буџет е минатата година, кадешто буџетот на МРТ се движи околу 15 милиони евра, изминатите неколку години буџетот се движеше околу 20 милиони евра. Државата по закон е обврзана за јавниот сервис да одвојува по 1% од буџетот, или тоа во наши услови е околу 35 милиони евра. Досега ниту еднаш не се случило да ги добијат оние пари што се предвидени во законот, смета Секуловски.

Тој додава дека на 31 декември минатата година без никаква јавна расправа е донесена одлука од Програмскиот совет на МРТ, доколку државата нема пари, нема да ги исплаќа тие загарантирани проценти.

Информирани граѓани – подобра демократија

Информирањето на граѓаните е многу значајна алатка во демократските процеси. Во последниот извештај за напредокот на Северна Македонија во процесот на интегрирање во Европската унија се споменуваат регионалните и локалните медиуми во контекст на ковид кризата и лошите услови за работа.

Властите треба да ги зголемат своите напори за реформа на јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. Јавниот радиодифузен сервис донесе петгодишна стратегија за развој, но процесот на реформи е отежнат поради доцнењето на именување членовите во неговиот управен совет и во советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Кризата од КОВИД-19 имаше силно економско влијание врз медиумскиот сектор, особено врз регионалните и локалните чинители. Медиумите беа вклучени во пакетот за помош, но работничките права на новинарите сè уште треба да се решат“, се наведува на страна 10 од извештајот.

Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите смета дека ова треба да биде едно од клучните прашања што треба да го решаваме, барем што се однесува до Јавниот радиодифузен сервис. Тој се согласува дека информираноста на граѓаните е многу значајна за развој на демократијата и само информирани граѓани може да носат добри избори.

За Драган Секуловски придобивките од дописната мрежа за демократијата би биле многукратни.

Штетата по информирањето на граѓаните е голема, бидејќи ретко кога граѓаните можат да слушнат за информација која што не е од градот Скопје. Ако некој зема национална концесија, не може своите информации да ги фокусира само на главниот град, смета Секуловски.

Подиректен од Секуловски е Иван Бојаџиски.

Нема демократија ако нема информирани граѓани. Луѓето сакаат да знаат што се случува во нивните места. Во општините имаше локални радија, кои веќе ги нема. Нема кој да им каже било што, што е важно за нивните животи. Утринските програми наместо да вклучуваат безделничари во програмата во живо, подобро е да си ги вклучат своите дописници да кажат што ќе се случува тој ден. Барем обичните сервисни информации да ги кажат. Тие и тоа го немаат. Ние имаме многу паметни луѓе во помалите општини, нивниот став и мислење не може да допре до медиумите, смета Бојаџиски.

Само за споредба ќе дадеме дека Националниот сервис во Словенија, која има слична големина како С. Македонија, има два големи дописни центри РТВ Копер и РТВ Марибор. Само во регионалниот дописен центар во Копер се вработени 120 медиумски работници, исто толку вработени и соработници има и во дописниот центар во Марибор, пишува  Вистиномер.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ