• Latest
ДИК

Вистиномер: Не е точно дека името на ДИК е испишано прво на албански, па на македонски јазик

October 26, 2021
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека името на ДИК е испишано прво на албански, па на македонски јазик

October 26, 2021 12:37
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ
ДИК

ДИК

Share on FacebookShare on Twitter

На фотографијата прикажана во постот е претставен само половичен дел од паното позади членовите на Државната изборна комисија. Кога ќе се погледне целосната табла, се гледа дека од левата страна, најнапред на македонски јазик со кирилично писмо е испишано името на државната институција одговорна за спроведување на изборите, пишува „Вистиномер“ во анализата на една дезинформација.

Во пост на Фејсбук се прави обид да се предизвика нетрпеливост меѓу граѓаните кои зборуваат различни јазици во земјава, на начин што се манипулира дека таблата со името на државниот орган Државна изборна комисија, е испишан на начин што македонскиот е трет јазик, во колоната, а пред него се албанскиот и влашкиот јазик. Како илустрација за да се „докаже” ова тврдење, авторот на постот користи фотографија од телевизиски пренос на прес конференција на ДИК за локалните избори 2021 година.

Меѓутоа, фотографијата е „на половина”, односно на неа е претставен само половичен дел од паното позади членовите на Државната изборна комисија. Кога ќе се погледне целосната табла, се гледа дека од левата страна, најнапред на македонски јазик со кирилично писмо испишано е името на државната институција одговорна за спроведување на изборите.

И на веб-страницата на ДИК евидентно е дека паното со нејзиниот назив е на повеќе јазици од кои прв е македонскиот со кирилично писмо.

Од левата страна е испишано името на македонски јазик, а паралелно од десната страна на албански јазик. Името е така испишано не само на паното позади пултот каде што седат членовите и претседателот за прес-конференции, туку и воопшто во институцијата, како што може да се види од оваа фотографија.

Во Законот за употреба на јазиците во членот 1 е уредено дека во сите органи на државната власт во Република Северна Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

Во членот 7 од овој закон се вели дека називите на институциите и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо, како и на англиски јазик.

-Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

Во членот 15, пак, се вели дека на седниците на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии во Скопје и единиците на локална самоуправа во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, при спроведување на изборите во работата и постапките на сите комисии, и други тела и институции подеднакво се користат, употребуваат и применуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо.

Оттука произлегува дека е законски уредено прашањето како ќе се именуваат таблите со називите на институциите во кои спаѓа и Државната изборна комисија, што во случајот е правилно направено согласно одредбите од Законот за употреба на јазиците. И наспроти лажното тврдење во постот што го рецензираме, на паното во ДИК називот е напишан на повеќе јазици од кои прв е македонскиот со кирилично писмо, пишува „Вистиномер“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ