• Latest
Собрание

Вистиномер: Неопходен е нов изборен законик, а не „крпеници“ за интересите на големите политички партии

August 1, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Неопходен е нов изборен законик, а не „крпеници“ за интересите на големите политички партии

August 1, 2021 12:28
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Собрание

Собрание

Share on FacebookShare on Twitter

Голема врева се крена во јавноста и меѓу политичките субјекти, застапени и незастапени во Собранието, околу предлогот на големите политички партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците/Алтернатива) за измени и дополнувања на Изборниот законик, актуелни од почетокот на неделава (поточно од 27 јули). Тогаш и министерот за правда Бојан Маричиќ и премиерот Зоран Заев ги најавија овие измени, кои потоа беа и предложени до Законодавниот дом за усвојување.

Со право, зашто од она што може да се проследи преку медиумите (предложените нови измени на Законот не успеавме да ги најдеме на сајтот на Собранието, туку само оние измени предложени од група пратеници од помалите партии предложени во март 2021), измените се однесуваат и на правото за учество на локалните избори кои ќе се одржат во октомври, а кои ќе бидат распишани на 6-ти август.

Од тие детали по медиумите може да се разбере следново: за првпат се предлага воведување отворени листи и можност за преференцијален избор во рамките на тие отворени листи. За конкретен советник да биде избран по овој модел се бара праг од 3 проценти од вкупно запишаните гласачи во дадената општина (видео после 26 минута), се менуваат условите за учество на изборите на независни листи на избирачи, при што наместо да се намали, се зголемува бројот на потписи што им се неопходни за да можат да поднесат валидна кандидатура до Државната изборна комисија (ДИК) и некои измени околу платеното политичко рекламирање, што дополнително ги зголемува правата на големите партии наспроти малите или независните листи (Горан Милевски ФБ профил).

Она што по брифинзи и при поднесување на самиот предлог во Собранието го истакнуваа претставниците од големите партии (Координаторот на СДСМ, Јован Митревски, на пример) е дека, меѓу другото, овие измени биле донесени по повеќемесечни консултации меѓу политичките партии и Министерството за правда и најважно, „предложените измени на Изборниот законик произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР поврзан со предвремените избори во 2020 година“ (исто, Јован Митревски).

ОБСЕ/ОДИХР демантира

Запрашани од „360 Степени“ за предлогот за зголемување на бројот на потписи како услов независна листа избирачи да учествува на изборите, од ОБСЕ/ОДИХР уште на 29.07.2021 ваквите изјави и непрецизни тврдења на предлагачите ги демантираа:

ОДИХР навистина даде препорака за стандардизирање на потребниот број потписи за независни кандидати до 1% од запишаните гласачи. Како што рековме тогаш, ова е во согласност со меѓународната добра практика. Продолжуваме да ги следиме тековните дискусии за предложените измени во Изборниот законик и подготвени сме да ја разгледаме секоја предлог-регулатива на барање на властите. (360 Степени).

Де факто, ова е повторување на забелешките и коментарите на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Финалниот извештај по локалните избори во 2017 година. А, во забелешката и препораката го пишува следното:

Треба да се размисли за стандардизирање на потребниот број на потписи за независните кандидати на најмногу еден процент од регистрираните гласачи во согласност со меѓународните добри практики. Покрај ова, како што е претходно препорачано, треба да се размисли за обезбедување алтернативни методи за прибирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување (препорака на ОБСЕ/ОДИХР).

А, оваа препорака се заснова врз Универзалната декларација за правата на човекот на ООН (чл.21), потоа на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права (чл.3 и чл.25) и на Кодексот на добрите практики при избори на Венецијанската комисија (стр.6, точка 1.3).

Според тоа, сè што е надвор од препораките што дадени од ОБСЕ/ОДИХР не оди во интерес на промена на законодавството за ваква важна тема каква што е измените на изборното законодавство, особено не на 3 месеци пред избори, зашто ОБСЕ/ОДИХР препорачува да не се менува законодавството една година пред избори, а најмалку 6 месеци пред одржувањето на изборите.

Реакциите се оправдани

Ваквиот предлог на големите партии со право наиде на жестоки реакции од помалите, кои со амандмани се обидуваат да го блокираат законското решение и бараат негово повлекување, но и од независните листи на избирачи. Реагираше на два пати  дури и Претседателот Стево Пендарвоски. Првиот пат во изјава на РСЕ, а во истата сторија може да се види дека реагираат и претставниците на граѓанското општество (Марко Трошановски).

Кога немаше инстантен одговор на реакцијата, Пендаровски, ден подоцна, на 30.07.2021 информираше дека нема намера да го потпише изменетиот Изборен законик доколку големите партии останат на истиот став за неопходни потписи за кандидирање на независни кандидати или листи од два отсто од запишаните избирачи:

Нема логика. бидејќи за кандидирање на претседател на државата се потребни 10 000 потписи, а толку да треба и за кандидирање советници во Град Скопје – изјави Пендаровски.

Покрај сите споменати реакции, вредна е за одбележување и реакцијата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), при што, клучни се следните зборови:

Забрзаниот и нетранспарентен начин со кој Владата, Собранието и поголемите политичките партии се обидуваат да го зголемат прагот на собрани потписи… од аспект на Законот за спречување на корупција и судир на интереси, ДКСК го оценува како класичен пример на политичка корупција.

Потребен е нов изборен законик а не „крпеници“

Суштината на сите препораки и на добрата пракса е да му се даде еднакво значење на секој глас во општеството. Тоа е и суштината на препораките на ОБСЕ/ОДИХР со години наназад по одржувањето на сите избори.

Токму затоа, кога се менува Изборниот законик, кој досега е менуван четириесетина пати, треба да се имаат предвид и овие препораки. Во право е министерот за правда Бојан Маричиќ, кога вели дека ова е добра можност за прв пат да воведеме нешто ново, што е подемократско (отворените листи), но тоа не смее да оди на намалување на досегашните права (процентот на потребните потписи за независните листи или изборниот праг0.

Ама не е во право кога вели дека процесот бил инклузивен и дека сега, отпосле, по огромните критики и прочитаната во јавност намера да се усвојат правилата на големите за да се елиминираат помалите и независните – ќе има нови насоки во цел на подобрување на договореното. Таквите изјави се на граница на спин, а што е уште поважно, дури и да се усвојат сите препораки, сето тоа не се прави на два месеци пред избори, зашто, едноставно, драстично се менуваат правилата на игра и тоа создава проблеми кај сите учесници во изборите.

Во крајна линија, освен отворени листи, главно и најгорливо прашање на Изборниот законик е бројот на изборните единици (за парламентарните избори) и изборниот модел, а остануваат и многу други прашања околу учеството на луѓето со попреченост, деловна неспособност, родовата политика, финансирање на политичките партии и платеното политичко рекламирање и медиумите.

Дури по решавање на овие прашања може да се зборува дека универзалните права се применуваат и во РСМ и дека секој има право да бира и да биде избиран, дека е важен и се брои секој глас во државата. А, за тоа е потребен нов Изборен законик, а не „крпеници“, непосредно пред секој изборен циклус. / МЕТА 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ