• Latest

Вистиномер: Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

September 1, 2021

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19

September 1, 2021 10:04
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина.  Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви  докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа се процесира на глобално ниво. Целта на овие пријави е да се пронајдат нови несакани ефекти (евентуално) кои не се наведени во упатството за користење.

Вистиномер  рецензира пост на Фејсбук, во кој се тврди дека извесен доктор Шон Брукс, кој, според наведеното, е ,,специјалист за интерна медицина, со над 23 години искуство,“ како и дека „испраќа страшно предупредување за експерименталната вакцина против ковид”. „Уште колку специјалисти ќе бидат игнорирани“, прашува авторот на постот и додава, атрубуирајќи го своето тврдење на Брукс, дека:

Вакцинираните ќе умрат од 6 месеци до 3-5 години, сите се стерилизирани и не можат да имаат деца.

Фејсбук профил од кој се шират лажни вести

Сите овие тврдења се дезинформации.

На 5 февруари, Американскиот колеџ за гинекологија и Американското здружение за репродуктивна медицина издадоа соопштение, со кое ги уверуваат пациентите дека нема докази оти ковид вакцината може да повлијае врз можноста да се зачнат деца, односно дека нема докази оти вакцината предизвикува неплодност.

Доктор Ив Феинберг, медицински директор на репродуктивен центар и поранешен претседател на здружение за репродуктивна ендокринологија и неплодност, вели дека има две прашања за тоа како вакцините се поврзани со неплодноста. А тоа се: што знаеме за вакцините и плодноста и што знаеме за ковид-19 и бременоста?

Мислам дека она за кое имаме многу повеќе информации е негативниот импакт на ковид-19 и бременоста, и на мајката и на бебето, отколку што имаме информации за вакцината и плодноста. Механизмот на вакцината навистина не остава биолошка можност за таа негативно да влијае врз плодноста, изјавил Феинберг.

Но, кој е всушност Шон Брукс и дали е на вистина специјалист за интерна медицина и доктор?

Прво, не е јасно на каков универзитет тој докторирал. Брукс вели дека има 48 публикации и 23 книги и дека учел медицина, анатомија и физиологија 21 година. Наспроти овие тврдења, на Интернет има многу малку информации за Шон Брукс и нема докази дека работи во полето на медицината како доктор.

Некои извори тврдат дека Шон Брукс нема докторат во медицината, туку дека работи во образование и не е медицински доктор. Титулата „доктор“ не мора да значи дека е на полето на медицината, може да е во право, литература или музика на пример.

И на Амазон има Шон Брукс, кој објавил книги од полето на образованието, но не од медицината. На 38 минута од ова видео, може да се види Брукс, како зборува за образованието во подкаст.

Истиот тој човек, во видеото кое го рецензираме, го споменува Роберт Валас Малон, американски вирусолог и имунолог, кој е критикуван во текот на пандемијата за ширење на ковид дезинформации. Наспроти тоа што го тврди Шон Брукс, дека Роберт Малон ја измислил вакцината мРНК и дека сега апелира да не се користи, таквите информации се неточни.

Роберт Малон работел на полето на платформи за вакцинална технологија, но не ја измислил мРНК вакцината. Вакцината е нашироко атрибуирана како достигнување на медицинските професионалци Каталин Карико и Дерик Роси.

Точно е дека Малон работел во доцните 80 ти години на Шалк институтот за биолошки студии. Но, како што вели Реин Вербек од Гент Универзитетот во Белгија:

Иако Малон за првпат ја разгорел надежта дека мРНК вакцината може да има потенцијал, денешните достигнувања со мРНК вакцината се достигнување на колаборативни напори.

Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото нешто доктор по медицина не би кажал. Тоа е произволно и нема допирна точка со реалноста, Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа се процесира на глобално ниво. Целта на овие пријави е да се пронајдат нови (евентуални) несакани ефекти, кои не се наведени во упатството за користење.

На следниот линк  може да се прочита за безбедноста на вакцините, за тоа дека и бремени жени може да ги примат по препорака на гинеколог, како и за нивниот состав.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно оти вакцините предизвикуваат неплодност, дека сите вакцинирани ќе починат за неколку години. Овие тврдења се дадени паушално од немедицинско лице кое лажно е претставено како доктор, пишува Вистиномер.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ