• Latest

Вистиномер: Целосно вакцинираните не одат во изолација, иако биле во контакт со позитивен на ковид

August 30, 2021
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вистиномер: Целосно вакцинираните не одат во изолација, иако биле во контакт со позитивен на ковид

August 30, 2021 11:24
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во изолација одат сите позитивни граѓани, како и невакцинираните и непрележаните нивни контакти. Вакцинираните со две дози, како и прележаните пред максимум 45 дена, не одат во изолација, иако имале контакт, велат од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Според протоколите на СЗО, во изолација не оди вакциниран со две дози, ако поминале 14 дена од втората доза. Во изолација не одат ниту прележаните, ако поминале не повеќе од три месеци. Иако е докажано дека вакцинираните со две дози, а од втората доза поминале најмалку 14 дена, се во помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација, сепак и вакцинираните можат да ја пренесуваат делта варијантата. Важно е да се напомене и дека имунитетот не се создава веднаш после втората доза, туку неколку недели подоцна, зависно од тоа од кој производител е вакцината, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Со растечкиот број новозаразени од ковид во земјава, сè поголем предизвик станува да се изолираат нивните контакти. Решенијата за изолација стигнуваат кај сите што направиле ПЦР тест и добиле позитивен резултат, иако тоа се случува со неколкудневно задоцнување. Она што ја промени целосната стратегија за изолација е фактот што во овој бран, за разлика од изминатите, ја имаме вакцината. Вакцинацијата ги промени и алгоритмите и препораките на Светската здравствена организација (СЗО), според кои се изолираат контактите на заразените граѓани.

Центрите за јавно здравје ширум земјава прават анкети на сите граѓани кои добиле позитивен ковид тест, но само за тие што го направиле во една од сертифицираните лаборатории или, пак, на пунктовите за тестирање во Институтот за јавно здравје. Граѓаните кои купиле тест од аптека, кој се прави во домашни услови и е поефтин отколку ПЦР тестот, доколку добијат позитивен резултат, тогаш мора да го потврдат со официјален ПЦР тест. Меѓутоа, не постои механизам да се регулира дека позитивните на тестот од аптека ќе отидат и во лиценцирана лабораторија да го потврдат својот резултат, со што ќе влезат во системот со кој се следат и изолираат нивните контакти. Можноста дека тие ќе се движат слободно, ќе одат на работа и ќе инфицираат други граѓани, за жал, постои и не може да се искорени.

 ИЗОЛАЦИЈА И ВАКЦИНАЦИЈА

Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Бесим Зекири, за „Вистиномер“ вели дека во изолација одат сите позитивни граѓани.

Во изолација одат сите позитивни граѓани, како и невакцинираните и непрележаните нивни контакти. Вакцинираните со две дози, како и прележаните пред максимум 45 дена, не одат во изолација иако имале контакт, ни рече Зекири.

Со пример од секојдневието, тоа значи дека доколку некој граѓанин има позитивен ПЦР тест на ковид-19, тогаш за неколку денови ќе добие повик од епидемиолог од центрите за јавно здравје во градот каде што живее. Епидемиолозите ги прашуваат позитивните пациенти за најважниот момент кој е пресуден за тоа колку денови ќе бидат во изолација, а тоа се симптомите. Граѓаните кои немаат никакви симптоми одат во изолација 10 дена, сметајќи од денот кога им бил позитивен тестот. Тие што пројавиле симптоми, пак, одат во изолација 20 дена.

Според протоколите на Светската здравствена организација, во изолација не оди вакциниран со две дози ако поминале 14 дена од втората доза. Во изолација не одат ниту прележаните, ако поминале не повеќе од три месеци. Така и епидемиолозите се поставуваат при анкетирањето. Ако граѓанинот, сепак, има позитивен тест, тој ќе оди во изолација независно од тоа што е вакциниран. Симптомите кои траеле само еден ден, сепак се причина позитивниот да добие 20-дневна изолација. Голем број граѓани пријавуваат симптоми кои се полесни и исчезнуваат за еден ден, како температура или изнемоштеност. Меѓутоа, самото постоење на симптомите, независно од тоа колку долго постоеле, е индикатор дека позитивниот може да ја шири инфекцијата во подолг временски период. Затоа, неговата изолација е во времетраење од 20 дена. Главните контакти за кои се прашуваат позитивните пациенти се луѓето од нивните семејства и домаќинства, како и тие со кои одат на работа.

Контактите на позитивниот во рок од 14 дена треба да следат дали ќе развијат симптоми и ако развијат – да се тестираат. Органот кој анкетира е Центарот за јавно здравје, кој потоа им ги испраќа податоците на инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Инспекторатот тогаш изработува решение за изолација. Со такво решение граѓанинот може да биде предмет на полициска контрола, односно полицијата во секој момент може да го провери дали е на дадената адреса. Изминатите недели полицијата во околу 20 наврати констатираше дека граѓани со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, ја напуштиле државата по копнен пат, затоа што на копнените граници не се бараше ниту ПЦР тест, ниту доказ за вакцинација, ниту доказ за прележаност, како што ќе се бара од 1 септември. За овие граѓани поднесени беа кривични пријави за загрозување на јавното здравје, меѓутоа, фактот што се надвор од земјава, во ризик доведува голем број на странци со кои што ќе бидат во контакт. Ова е особено поалармантно за делта варијантата.

ИНФИЦИРАН СО ДЕЛТА СОЈОТ МОЖЕ ДА ЗАРАЗИ СЕДУММИНА

Претседателот на комисијата за заштита на населението од заразни болести, доктор Жарко Караџовски, за Алсат рече дека пациент инфициран со делта сојот може да зарази 7 други лица.

Центарот за контрола и превенција на болести во најновите препораки за целосно вакцинираните луѓе во САД, вели дека тие, доколку се заразат со делта варијантата на коронавирусот, тогаш може да ја пренесуваат на другите. За да се намали ризикот целосно вакцинираните да се заразат со делта и потенцијално да ја пренесуваат на други луѓе, Центарот препорачува тие да носат маска.

Целосно вакцинираните лица можат да изберат да носат маска без разлика на нивото на трансмисија, особено ако тие или некој од нивното домаќинство е имунокомпромитиран или во зголемен ризик за сериозна болест, или, пак, ако некој во нивното домаќинство е невакциниран. Тестирајте се доколку пројавите симптоми. Изолирајте се доколку во последните 10 дена сте имале ПЦР тест, кој е позитивен, или, пак, ако имате симптоми, пишува во препораките на Центарот за контрола и превенција на болести за вакцинираните со две дози.

Исто така, се препорачува граѓаните да ги следат сите државни закони или препораки.

Најважната препорака на Центарот за контрола и превенција на болести од САД е лицата вакцинирани со две дози, кои немаат симптоми, ама биле во контакт со некој кој е суспектен или позитивен на ковид, да не се изолираат ако ги следат препораките да носат маска, да ги следат своите симптоми 14 дена и ако направат тест.

Следењето на контактите на ковид позитивните, претставува ефикасен начин на кој што се спречува трансмисијата на ковид-19, затоа што на таков начин се информираат сите луѓе дека можеби се во ризик, па и тие може да носат маска, да се тестираат и да откријат евентуална инфекција во раната фаза со што би почнале и третман доколку е потребно, под медицински надзор.

Иако е докажано дека вакцинираните со две дози, ако од втората доза поминале најмалку 14 дена, се во помал ризик да развијат тешка форма на болеста и хоспитализација, сепак и вакцинираните можат да ја пренесуваат делта варијантата. Важно е да се напомене и дека имунитетот не се создава веднаш после втората доза, туку неколку недели подоцна, зависно од тоа од кој производител е вакцината. Доколку станува збор за вакцина на „Фајзер“, тогаш имунитетот се создава три недели по втората доза. За кинеските вакцини, потребни се месец и половина после втората доза за да се развие имунитет. Во овој меѓупериод, потребно е граѓаните да се однесуваат како да не се вакцинирани, односно да ги спроведуваат општите мерки за заштита од коронавирусот. Имунитет особено не се создава после една администрирана доза, пишува „Вистиномер“.

извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ