• Latest

Владата ги активирала сите механизми, обезбедено е парно греење за скопјани до крајот на грејната сезона

January 14, 2022
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

Денеска гласаат затвореници, лица во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Владата ги активирала сите механизми, обезбедено е парно греење за скопјани до крајот на грејната сезона

Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија за да се обезбедат мерки за надминување на состојбата

January 14, 2022 20:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Проблемот со снабдување топлинска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата до крајот на грејната сезона ќе имаат непрекината испорака на парно греење, соопштија на заедничката прес-конференција вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши.

Владата ја прекина неизвесноста на 54.000 домаќинства во Скопје, кои стравуваа дека од утре ќе останат без парно греење. Министрите Бектеши и Битиќи, соопштија дека владата усвои уредба за критериумите и условите за прогласување кризна состојба на пазарот на топлинска енергија, во чиј составен дел ќе биде и обезбедување финансиски средства за субвенционирање на сметките за топлинска енергија на сите граѓани кои ја користат оваа услуга.

Битиќи рече дека радијаторите на граѓаните на Град Скопје и на општините ќе останат топли до крајот на грејната сезона, додавајќи дека деновиве имаше јавни превирања за тоа каде припаѓа одговорноста за решавање на овој проблем.

– Иако обезбедувањето топлинска енергија е јавна комунална услуга, која треба и е обврска на Град Скопје, сепак одговорно е потребата на граѓаните да е на прво место и затоа Владата тоа го направи, рече Битиќи.

Тој информира дека последните две недели сите економски ресори во Владата имале редовни состаноци на кои се разгледувале сите опции и можни решенија и додаде дека е пронајдено најпрагматичното решение, кое, како што рече, ги искористува сите законски можности со единствена цел – заштита на интересите на граѓаните.
-Вчера Владата донесе одлука во која побара од ТЕ-ТО да снабдува електрична енергија и пареа како енергенс за БЕГ во временски период од 5 часот наутро до 1 часот по полноќ до 31 јануари 2022 година. Владата во процесот на преговори со БЕГ и со ТЕ-ТО го заштити интересот на граѓаните и тие можат да бидат спокојни дека домовите ќе им останат топли,  нагласи Битиќи.

Министерот Бектеши информира дека проблемот со снабдување топлниска енергија во Град Скопје и во општините е решен и домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење.  

-Владата на денешната седница на предлог на Министерството за еконмија, во сорабокта и со Регулаторната комисија за енергетика, со ЕСМ, со кабиентот на вицепремеирот,  ја донесе Уредбата во делот на критеирумите и условите за прогласување кризна сосотјба  на пазарот на топлинска енергија. Согласно оваа Уредба, ќе биде донесена одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија за што деталите ќе бидат дополнително утврдени, рече Бектеши. 

Со цел надминување на состојбите, најави дека Владата ќе обезбеди финансиски средства со кои ќе се субвенционираат сметките за топлинска енергија на сите граѓани кои ја користат оваа услуга. 

-Мерките кои се составен дел од уредбата овозможувааат Владата преку ЕСМ да го стабилзиира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ деднес го потпиша договорот за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари 2022 година. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија,  покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економско исплатливо снабдување во овој период.  ТЕ-ТО има сигурен извор на гас и може да работи без пречки. Во периодов има активни договори за продажба на електрична енергија и ќе работи дополнително за време на викенд, а проиведената електрична енергија ќе ја купува АД ЕСМ. Дополнитлено ТЕ-ТО наместо до 22 часот ќе работи до еден часот по полноќ и  со ова ќе се произведе потребната топлиснка енергија за Град Скопје и сите корисници, рече Бектеши.

Тој додаде дека до крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја преземе АД ЕСМ со што ќе има доволно топлинска енергија за БЕГ.  

-Во моментов како што информираа од БЕГ дека не се во можност да работи самостојно компанијата, побара од Владата принудна управа. Донесена е одлука за склучување на договор за деловно техничка соработка помеѓу БЕГ и ЕСМ по задолжение од Влада.  Согласно ова задолжение, Владата во текот на наредната недела ќе донесе одлука и ќе го задолжи ЕСМ да склучи таков договор се со цел да ја продлабочи соработката со БЕГ.  Исто така за работењето на АД Скопје -Север ќе се склуичи договор за длеовно техничка сораобтка по истиот принцип. Со договорите за деловно техничка соработка сите права и обврски кои ги имале субјектите мируваат, а правата и обврските кои ќе настанат во периодот на важење на договорот ќе бидат на ЕСМ, образложи Бектеши. 

Како што информираше Бектеши на прес-конференцијата, АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работерње преку посебна сметка и за тоа ќе доставува извештај до Владата во континуитет. АД ЕСМ, како што рече, веќе поседува лиценци за топлинска енергија и тие ќе бидат проширени откако ќе се добие согласност од РКЕ. 

-Како Влада сме целосно посветени во решавање на сите проблеми во интерес на граѓаните. Во изминатите неколку дена имавме исцрпни преговори и разговори со сите надлежни институции и успеавме да најдеме решение коешто согласно сите законски можности ја исполнувааат главната цел, а тоа е квалитетна услуга за домаќинствата. Ова решение кое што го постигнавме денеска обезбедува непрекината испорака на топлинска енергија за сите домаќинства во Град Скопје и општините кои се во рамки на Град Скопје, рече министерот Бектеши. 

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека Владата ги активирала сите механизми, и оти е обезбедено парно греење за скопјани.
„Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно“, стои во објавата на Ковачевски.
Д.М.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ