• Latest

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

July 10, 2020
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Владата изработи насоки за влез и транзит низ земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

July 10, 2020 16:37
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на предлог на Министерството за внатрешни работи во соработка со министерствата за здравство и за работи изработи насоки за начинот на транзит и на регулиран привремен или постојан престој во земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и на дипломати,
членовите на нивните семејства и на граѓани со двојно државјанство од овие држави.

Документот, во однос на транзит низ територија на Република Северна Македонија на државјани на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ги опфаќа следните насоки:

При влез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, не е потребно да се приложи медицинска потврда од направен ПЦР тест, имајќи предвид дека странскиот државјанин транзитира низ територија на Република Северна Македонија, односно потребно е само да потпише изјава и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.

При влез на копнен граничен премин, а со цел излез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, потребно е задолжително да се прикаже авионски билет (електронски билет) и да се потпише изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напушти територијата на државата.

За професионалните превозници (возачи), не е потребно приложување на медицинска потврда од направен ПЦР тест, само со обврска за задолжително почитување на протоколот за вршење на меѓународен превоз.

За организиран автобуски превоз или меѓународни транзитни редовни линии, дозволен е влез за транзит, при што не е потребно приложување на медицинска потврда од направен ПЦР тест, а територијата на државата мора да се напушти во рок од пет часа, со потпишување изјава за транзит.

Државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои имаат регулиран привремен или постојан престој во Република Северна Македонија, при секој влез во државата задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата.

Странските дипломати од земјите наведени во предметната одлука и акредитирани во Република Северна Македонија, како и членови на нивните семејства, при влез во државата не е потребно да приложуваат медицинска потврда од направен ПЦР тест.

Државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина кои имаат претходно закажани здравствени прегледи и лекување во здравствена установа во Република Северна Македонија, може да остварат влез во државата со задолжително приложување на медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата, како и медицинска потврда за закажан лекарски преглед.

Државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а кои имаат двојно државјанство, доколку имаат живеалиште во Република Северна Македонија (согласно евиденциите со кои располага Министерството за внатрешни работи, или пак се носители на МКД лична карта), при влез во Република Северна Македонија не е потребно да се приложи медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест.

Но, доколку овие странски државјани имаат живеалиште во државата во која го имаат второто државјанство (една од горенаведените држави опфатени во член 1 од Одлуката) при влез во Република Северна Македонија потребно е задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата.

Носители на патни исправи издадени од Република Северна Македонија кои имаат адреса на живеење во Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, при влез во Република Северна Македонија задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез во државата.

Министерството за внатрешни работи по прибавување на пополнетите изјави од државјаните на Република Србија, Република Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина заедно со медицинските потврди од ПЦР тестовите да ги доставува на проверка и потврдување до определени лица од Министерството за здравство, а Министерството за здравство истите да ги доставува до регионалните Центри за јавно здравје, согласно адресите.

Овие насоки Министерството за надворешни работи ќе ги достави до сите дипломатско конзуларни претставништва во насока на соодветно информирање на јавноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    204 shares
    Share 82 Tweet 51
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ