Од први септември наставата почнува со физичко присуство во сите училишта. Вака беше одлучено на вчерашната 101-ва седница на Владата,информираа на денешната редовна прес-конференција, портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Мухамед Хоџа.
Тие истакнаа дека најдобар начин за да го заштитиме и менталното здравје и да се одржи нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците е тие да се во училница и тоа ќе биде направено во оваа учебна година.
„Отворањето на училиштата е препорака и на УНИЦЕФ. Подготвени се потребните протоколи за заштита. Училиштата исто така. Искуството од минатата година со наставата за учениците од прво до трето, покажа дека училиштата имаат капацитет да го спроведат образовниот процес и во вакви услови и нема сомнение дека така ќе биде и годинава“, беше нагласено на прес-конференцијата.