• Latest

Владата со предлог за нови 10 отсто на платите од април, СОНК ќе одлучува дали е прифатлив

October 7, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата со предлог за нови 10 отсто на платите од април, СОНК ќе одлучува дали е прифатлив

October 7, 2019 16:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата и Министерството за образование и наука на Синдикакот за образование, наука и култура (СОНК) му понудија зголемување на платите во образовната дејност за 10 проценти од април 2020 година. Тоа е исходот од средбата што попладнево се одржа во Владата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Арбер Адеми со претседателот на СОНК, Јаким Неделков. За понудениот предлог СОНК ќе го запознае членството и од него ќе зависи дали е прифатлив или не.

Адеми и Неделков во изјава за медиумите рекоа дека средбата била конструктивна. Според министерот, новите 10 проценти од април ќе бидат дополнителни на двете претходни зголемувања од по 5 проценти (ланскиот и овој септември). Неделков, пак, рече дека секогаш може повеќе.

„Јас би кажал дека  ова е историско покачување  на платите  во дејноста образование. Конкретниот предлог е од април платите да бидат покачени за дополнителни  10 проценти, почнувајќи од  основно, средно, високо и наука“, изјави Адеми. Рече дека предлогот утре ќе биде разгледан и на седница на Владата. Ќе ја чекаат одлуката на Советот на СОНК за, како што рече, да бидат информирани за исходот од преговорите. Нагласи дека со донесените закони се залагаат за кариерен развој и за подобрување на материјалниот и социјалниот статус на наставниците.

Лидерот на СОНК, Неделков, рече дека одлуката дали ќе го прифатат или не овој предлог за 10 отсто од април ќе ја знаат до крајот на оваа или на почетокот на наредната недела. Рече дека за понудениот предлог Советот на СОНК ќе расправа уште утре, а потоа ќе чекаат повратен одговор од нивното членство.

„Неколку дена ќе ни требаат за да одговориме на предлогот и да кажеме дали сме задоволни или не. Тоа е процедура која ќе трае до крајот на неделава или до почетокот на наредната. Предлогот ќе биде утре на седница на Советот на СОНК; потоа до членството и тие треба да дадат виза за прифаќање или отфрлање“, рече Неделков. Како што рече, лично тој секогаш е за повеќе, посочувајќи дека остануваат уште неколку проценти од понудените за да стигнат до процентот за колку што е зголемена минималната плата.

Барањето на СОНК од почетокот на учебната година беше зголемување на платите на наставниците за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државава, односно до 25 проценти. Синдикатот на првиот училишен ден одржа предупредувачки штрајк со најава дека тој ќе биде генерален ако за еден месец не биде постигнат договор со Владата.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ