• Latest

Владимиров: Новата администрација на САД ќе ја помага евроинтеграцијата на Северна Македонија

January 27, 2021

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025

ИФИМЕС: Самокритичниот пресврт на Вучиќ – шанса за надминување на сегашната ситуација?

July 9, 2025

Мизрахи: До шест обиди за ин-витро оплодување ќе бидат покриени од ФЗО

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владимиров: Новата администрација на САД ќе ја помага евроинтеграцијата на Северна Македонија

January 27, 2021 12:41
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новата администрација на САД ќе ја следи и помага евроатлантската интеграција на Северна Македонија, а во тој контекст ќе го постави и прашањето за бугарската блокада на приклучувањето на Скопје во ЕУ, оценува Владимир Владимиров, експерт за балкански прашања и координатор на секторот за јавни комуникации и јавни работи на партијата „Републиканците за Бугарија“.

– Претседателот Џо Бајден е исклучително добро запознаен со состојбата во Источна Европа и на Балканот. Една од точките на кои ќе се фокусира новата администрацијата во Белата куќа ќе биде зајакнувањето на источното и на јужното крило на НАТО и ЕУ. Сигурно ќе се дојде и до прашањето за ветото на Бугарија за Република Северна Македонија. Ќе има многу дипломатски рагзоори на таа тема и за тоа дали стратешките интереси на регионот треба да бидат заложници на домашните политички игри и дали Красимир Каракачанов ќе успее да влезе во следниот Парламент?“, изјави Владимиров за бугарската ТВ+ и ТВ.

Доналд Трамп ги водеше САД како корпорација, но сега, наведува бугарскиот аналитичар, во Белата куќа дојде долгогодишен професионален политичар со огромно искуство.

– Мислам дека ќе имаме појасни и посилни пораки од новата американска администрација. Многу важен момент е Македонија, која е една од ретките европски земји што има договор со САД за стратешко партнерство, вклучително и воена поддршка, уште пред да стане членка на НАТО. Еден од интересите што САД ќе го следат и ќе го помогнат е евроатлантската интеграција на Македонија, вели Владимиров.

Во контекст на регионалната политика и позициите на Софија и Бeлград кон Скопје, тој смета дека темата С.Македонија е премногу важна и за Србија и за Бугарија, а за тоа сигурно се разговарало и за време на неодамнешната посета на српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ на Бугарија.

– Србија сигурно има некаква понуда за Бугарија и Северна Македонија сигурно беше тема на разговор, рече Владимиров.

Тој го поставува и прашањето за рускиот логистички и хуманитарен центар во Ниш, кој според него, не е ништо помалку од разузнавачка база, оддалечена помалку од 100 километри воздушна линија од границата со Бугарија.

– Кон кого е насочена оваа база? Министерката Екатерина Захариева треба да праша и за новите руски и кинески оружја што пристигнуваат во Србија, дали е распоредено на границата со Бугарија. Нема одговор на тоа прашање, вели Владимиров.

Според него, Србија има големо политичко, економско и воено-разузнавачко влијание во Северна Македонија.

– Тие контролираат големи политички и економски кругови, а за нив најважното прашање е поврзано со Косово. Доколку Бугарија ја повлече поддршката за Косово, тогаш Србија може да и помогне во спорот околу Северна Македонија, изјава бугарскиот аналитичар и експерт за балкански прашања Владимир Владимиров./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ