• Latest

Власта и опозицијата ги продолжуваат разговорите за законот за ЈО

August 1, 2019
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Власта и опозицијата ги продолжуваат разговорите за законот за ЈО

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски по средбата  изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите.

August 1, 2019 09:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работните групи на власта и на опозицијата денеска ќе ги продолжат разговорите за законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО, потврдија за МИА од Министерството за правда.

На последната средба одржана во понеделникот во Владата беше постигнато одредено приближување на ставовите за две прашања – за зголемувањето на буџетот на обвинителството и изнаоѓањето модуси за поголема одговорност на вработените и обвинителите.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски по средбата  изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите.

-Тука имаме приближување на ставовите, во делот на зголемувањето на буџетот што би го имало Обвинителството во Република Северна Македонија. Разговаравме и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и на самите обвинители. Имаме приближување на ставовите, мислам дека тука можеме да изнајдеме заедничко решение во законот, рече заменик министерот Ристовски.

Тој најави дека состаноците и разговорите за законот за Јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура, а за кој меѓународната јавност даде позитивна оценка за текстот, ќе продолжат и во текот на оваа недела и дека измените кои ќе се договорат, ќе одат амандмански во Собранието.

И претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонио Милошоски изрази задоволство бидејќи, како што рече, средбата била конструктивна и се договориле околу финансирањето на обвинителството и за поголема одговорност на обвинителите.

-За двете прашања што денеска беа отворени е постигнато приближување на ставовите. Првото е начинот на финансирање и зголемување на буџетската независност на државното Јавно обвинителство, каде што гледаме дека горе – долу имаме некои слични концепти и приближување на ставовите и второто е зголемувањето на одговорноста на самите обвинители како поединци,  но исто така и на обвинителствата како структури, рече Милошоски.

Премиерот Зоран Заев во изјави за медиумите деновиви неклкупати изрази надеж дека ќе се најде решение, дека власта веќе прифатила повеќе предлози на опозицијата и оти го разгледува законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Заев ја отфрли можноста за условување на поддршката од опозицијата за законот со одржување предвремени парламентарни избори.

За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август.

Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.

Еврокомесарот Јоханес Хан на последната посета на Скопје рече дека донесувањето на законот за јавно обвинителство е услов за датум во октомври.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ