• Latest

Власта и опозицијата се смирија и за пописот

July 30, 2019
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Власта и опозицијата се смирија и за пописот

July 30, 2019 19:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако предпладне се скараа и разменија низа обвинувања за и против спроведување на пописот следната година, власта и опозицијата, по работната средба излегоа со зближени ставови на оваа тема. Двете страни потврдија напредок во денешните разговори на работните групи кои од една страна ги водеше Илија Димовски придружен од експерти, а од другата страна на чело беше директорот на Заводот за sтатистика, Апостол Симовски.

“На остварената средба со претставници на Владата на Република Северна Македонија ги адресиравме и ги кажавме сите наши забелешки кои не се малку и не се од несуштински карактер, а одат во насока на исполнување на стандардите на Еуростат и изградба на доверба на институциите кои што треба да го спроведуват пописот. Денешната средба помина во коректна атмосфера, не добивме конкретни одговори по нашите барања, оставивме следните десетина дена представниците на Владата да изградат нов концепт за пописот на кој ќе се адресираат стравовите кои ги имаме и ние и граѓаните на РСМ, но ќе одговорат и на стандардите на Еуростат. Мислам дека следната средба ке биде клучна да видиме колку власта е спремна да ги прифати овие укажувања. Атмосферата денеска беше коректна но беше без посебни заклучоци”, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Директорот на Државниот Завод за Статистика, Апостол Симовски изјави дека дел од забелешките на опозицијата биле лесно прифатени и според него повеќе имаат текнички карактер. На пример, власта резидентното население го дефинира според дефиницијата на Еуростат, а опозицијата побарала оваа дефиниција да влезе и во законот.

Исто така, опозицијата побарала и методологијата да влезе во заонското решение, а власта цени дека законот треба да даде заонска рамка за методологијата. Според Симовски има простор и за разгледување и на другите забелешки на опозицијата.

“Значи една од забелешките е дека во законот, и тоа е точно, намерно, свесно, не беа вградени методолошките елементи бидејќи методологија подразбира стручност дел од операцијата попис, а законот би требало да ја даде таа заонска рамка за спроведување на попис. Меѓутоа спремни сме да вградиме дел од методологијата во самиот закон, дефиницијата на таа категорија резидентно или вкупно население која што сите ја интерпретираат на секаков начин, да ги ставиме во законот белезите за кој што ќе се собираат податоци и уште некои ситни елементи за кои што, како го нарекоа, поимник, да ги дефинираме сите поими кои се вклучени во овој закон”, изјави Симовски.

Тој покажа спремност да се сретне и со претставници на другите парламентари партии и групи, со цел како што рече, да се слушнат сите страни и законот да биде поддржан од сите. Едиствена точка која остана уште нејасна и двете страни се на различни позиции, е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за пописот да го реализира посебно тело, а не Заводот за Статистика, бидејќи,  како што тврдат, без намера да го ценат професионализмот, директорот е избран од власта. А, според директорот на ДЗС оваа е едиствената институција која според актуелниот закон може да спроведе попис.

Илија Димовски возврати на тоа дека пописот уште не е донесен и дека е предмет на преговори и на промени.

Арбен Зеќири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ