На денешната средба на лидерите на опозициските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на која главна тема беа претстојните локални избор, тројцата претседатели ја констатираа неопходноста од договор за заеднички настап на локалните избори.
Лидерите на опозициските партии се одлучија за взаемна соработка и поддршка на кандидати за градоначалници. Соработката подразбира дека споменатите партии нема да кандидираат градоначалници во одредени општини и ќе се поддржуваат меѓусебно, а во други општини ќе се натпреваруваат со сите други партии.
За ова преку својот Фејсбук профил се огласи Христијан Мицковски.
За деталите за начинот на соработката оставија да се договараат општинските организации.












