Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до претседателот на Собранието ги достави потписите и записниците од Иницијативата за донесување на закон за поништување на Законот за попис.
-Апелираме и укажуваме до власта, да прекине со постапката за попис бидејќи секаде во Европа и во светот, пописите се одложени за 2022 година. Ја повикуваме власта да се одважи и да го одложи пописот за 2022 година, да направат забелешки во текстот на законот и да го подобри за да може да имаме онаков попис каков што е потребен за развој на државата, бидејќи сегашниот текст на законот за попис нема да донесе ништо што е различно од она што го имаме ние како државјанства во Република Македонија, истакна на прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од опозициската партија.
Тој рече дека не очекува опструкции за собирањето на десетте илјади потписи во рамки на Иницијативата за поништување на Законот за попис.