• Latest

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската дебата за интерпелацијата на Спасовски

April 26, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската дебата за интерпелацијата на Спасовски

April 26, 2021 13:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на која се расправа за интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Пратениците од опозициската партија не можеа да се обратат бидејќи не беа ставени на листата на говорници, поради тоа што, како што беше објаснето од претседателот на Собранието Талат Џафери, тие својата листа ја доставиле до него со неколку часа задоцнување, а денеска нивен претставник не присуствувал на координација за да се договорат.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека листата била доставена со задоцнување бидејќи тие доставувале кривична пријава за Џафери за 36. седница, на која присуствуваа пратеници со скафандери заразени со Ковид-19. Обвини дека досега не се случило интерпелација за министер од власта да помине без пратеници од опозицијата.

-Вие си продолживте со седницата како ништо да не се случило, а ова е еден поголеми скандали што се случило во 30 годишната плуралистичко делување во Македонија. Првпат во историјата на парламентаризмот најголемата опозициска партија и најголемата партија со пратеници, да не им се дозволи да расправа по работата на еден министер. И се одзема правото на опозицијата да дискутира со вашето образложение што го дадовте иако вакви примери имало безброј пати изминатиов период, рече Мицевски.

Тој го обвини Џафери дека бега од одговорност со самото тоа што не дозволува опозицијата да зборува на седницата, како за денешната интерпелација како и за двете други отфрлени интерпелации, според него, а според опозициската партија се уште се активни за вицепремиерот Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Поднесени три интерпелации врз клучните ресори, ние немаме право да дискутираме. Ова не е демократија, ова што се случува во Македонија се типични потези на авторитарно однесување на власта и неслучајно меѓурабодни релевантни институции ве имаат вброено како хибриден режим, рече Мицевски додавајќи дека пратеничката група нема да биде параван на авторитарното владеење на власта и ќе ја напушти седницата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери повтори дека опозицијата е сама виновна за претходните две интерпелации бидејќи барале да се тргнат од дневен ред, и како што кажа има процедура како да се вратат. -И трето, јас со задоволство ќе ја пречекам вашата интерпелација за мојата функција претседател на Собранието затоа што јас сум претседател на Собранието и овде не работам по ќефот на пратеничките партии туку спроведувам Деловник што ме обврзува во контекст на членот 60 од Деловникот, рече Џафери. Се дотогаш, додаде тој, ваша волjа ваша одлука.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески оваа постапка на опозицијата ја нарече „театар кој досега не се случил во Собранието“.

-Прво никогаш во историјата не се случило опозицијата да поднесе интерпелација и сама да бара да се тргне од дневен ред. Денес кога има интерпелација поднесена од друга пратеничка група не доставиле список навремено и затоа некој друг им е крив и тоа сакаат да го прикажат како некаков наводен обид да се замолчи опозицијата, рече Митрески. Според него, пратениците од опозицијата бегаат за јавноста да не бидe колку малку ги има и колку малку поддршка даваат за партиите од каде доаѓаат како пратеници предложени од тие партии.

Претходно, барањето за интерпелација за Спасовски го образложи пратеникот на АА и Алтернатива Халил Снопче кој кажа дека и покрај тоа што Мијалков е во притвор, самиот случај со неговото бегство, потоа појавувањето после тоа, и реакцијата на властите, издавањето на пасоши на криминалци и други случаи, се причина за заминување на Спасовски од Владата.

За Спасовски, пак, ова е добра можност за него да ги соопшти сите работи што досега се направени откако тој е министер за внатрешни работи.

-Морам да констатирам дека  денеска имаме една, благо кажано,  чудна интерпелација? Зошто чудна, ќе се запрашате? Затоа што е поднесена заради успех во една акција, а не неуспех! Имено – Сашо Мијалков е во затвор, таму каде што му е местото, и на него и на голем број поранешни функционери – криминалци, кои бескрупулозно крадеа од народот наместо да работат за она за што се избрани. Истиот Мијалков, на кого името се плашевте да му го спомнете, со години наназад. А сега гледаме како се зголемува  бројот на години што ќе треба да ги одлежи. Каква иронија –  идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина, претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата, и затоа е, во најмала рака, чудна, рече, меѓу другото, Спасовски.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ