• Latest

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини

February 22, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини

February 22, 2018 16:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Локациите каде се вршеше пошумување во рамки на акцијата „Ден на дрвото“ биле несоодветни за пошумување и повеќе од површините се пошумувани повеќепати, објави денеска Јавното претпријатие „Македонски шуми“, кое ги обезбедуваше садниците.

– Бевме задожени да бараме локации за пошумување покрај населени места и блиску до пристапни патишта, како и косини покрај автопатиштата и средишниот простор на автопатиштата, покрај езерата и сл. Најчесто овие површини беа несоодветни за пошумување со шумски видови садници. Повеќето од површините се пошумувани повеќепати (во повеќе акции), се вели во соопштението.

Финансиската анализа направена од страна на претпријатието покажува дека за периодот од 2008 до 2016 година за оваа акција потрошени биле 1.100.701.431,6 денари, од кои 297.235.394,9 денари од буџетски средства од Министерството за земјоделство, а 31.976.705,00 денари од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој за набавка на палми. Од буџетот на претпријатието „Македонски шуми“ потрошени се 771.489.331,8 денари.

Од вкупно засадените 35.211.986 садници успеале само 21 процент или 7.394.518 садници.

Од „Македонски шуми“ посочуваат дека и пред акцијата „Ден на дрвото“ вршени се редовни пошумувања и оти во периодот од 2002 до 2007 година пошумувана е поголема површина.

– ЈП „Македонски шуми” пред почнување на Акцијата „Ден на дрвото“ вршеше редовни пошумувања со Програмата за проширена репродукција (за споредба од 2002 до 2007 година по основ на редовните обврски пошумена е површина од 8.391,92 ха и за истиот период по програмата за проширена репродукција пошумени се 5.414 ха или вкупно пошумени се 13.805,92 ха со 34.514.800 садници), се вели во соопштението.

„Македонски шуми“ најавува дека ќе продолжи со натамошно пошумување и озеленување на територијата на Македонија, но не на начин на кој досега се спроведувало преку акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ден на дрвотоЈП Македонски шуми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ