• Latest

Во Делчево одбележан 7 мај – Ден на македонската полиција: Институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните

May 7, 2022
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Делчево одбележан 7 мај – Ден на македонската полиција: Институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните

May 7, 2022 15:13
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Под мотото „МВР за граѓаните“ и промовирајќи го концептот „Полицијата во служба на граѓаните“, денеска во Делчево се одржа централната прослава по повод Денот на македонската полиција, 7 мај. На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и други министри и претставници од Владата, претставници од амбасадите во РСМ, директори на полициите од земјите од регионот, пензионирани припадници на МВР, семејства на загинатите припадници на МВР, пратеници во Собранието, како и претставници на други институции.

Делчево – одбележување на 7 Мај, денот на полицијата
Mинистерот Спасовски додели плакети за успешно реализирани оперативни акции и најдобри постигнати резултати во МВР за 2021 година, а во своето обраќање по повод свеченоста, меѓу другото истакна дека институциите постојат само и единствено во интерес на граѓаните, независно на нивните лични определби и ставови, воспоставени се модерни стандарди коишто целосно ќе ја реализираат клучната позиција на институцијата,  а тоа е полиција – сервис на граѓаните на Република Северна Македонија.
Следејќи го доследно пулсот на времето, на регионалните и глобалните политички и безбедносни трендови, но и потребите и очекувањата на граѓаните, од сегашна преспектива можеме слободно да заклучиме дека Министерството за внатрешни работи, сите негови организациски единици веќе се етаблираат не само како сервис и партнер на граѓаните, туку и како респектабилен партнер на надворешен план, активно ангажирани во мноштво регионални и меѓународни иницијативи, асоцијации и проекти во речиси сите области од безбедносната сфера, порача Спасовски.
Спасовски упати и порака дека полицијата може и мора да остане доследна на трасираниот пат на бескомпромисно чување на законот и законитоста; на редот и поредокот и секако, на сигурноста и безбедноста на сите наши граѓани.
Џафери упати честитки по повод празникот и апелираше до сите припадници на МВР,  да бидат првата врата на која ќе тропнат граѓаните, првиот број на кој ќе се јават секогаш кога ќе се почувствуваат беспомошни и небезбедни.
Затоа што е важно да се стекне и одржи високо довербата кај граѓаните, и да бидете пример за тоа што значи професионален полициски службеник во служба на граѓаните.  Длабоко сум убеден дека заемната доверба и соработката низ останувањето на вистинската праведната страна на законот, ќе придонесат да имаме побезбедни улици, подемкоратски и пооправенди институции кои по ништо нема да заостануваат зад високостандардните европски полициски сили. Собранието на РСМ ќе биде, како и досега отворено за ваши предлози, сугестии и законски измени кои ќе бидат во насока на подобрување на ефикасноста на МВР, во насока на подобрување на вашиот статус, порача Џафери.
Централната прослава и содржините спакувани во неа дадоа одлична можност и за дружење на граѓаните со припадниците од организациските единици на полицијата кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации.
Во градскиот парк во Делчево беше презентирана дел од опремата, ресурсите и вештините на припадниците на организациските единици на МВР, а најинтересниот дел беше за најмладите кои се дружеа најмногу за полицајците и имаа можност да се запознаат со изложената опрема и возила, додека повозрасните граѓани кои денеска беа присуни во градскиот парк се запознаа со потенцијалот и опремата што ја поседува македонската полиција.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ