• Latest

Во Грција од денеска граѓаните започнуваат генерален штрајк, бараат правда за железничката несреќа во 2023 кај Темпи

February 28, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Грција од денеска граѓаните започнуваат генерален штрајк, бараат правда за железничката несреќа во 2023 кај Темпи

February 28, 2025 10:25
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пред точно две години, на 28 февруари 2023 година во Грција се случи една од најголемите железнички несреќи во изминатите најмалку 50 години, кога два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија кај месноста Темпи, 57 лица го загубија животот, над 100 беа повредени, а две години подоцна, сè уште остануваат неодговорени низа прашања околу причините, додека судскиот процес воопшто не е ни започнат, јавува МИА.

Годишнината од несреќата ќе биде одбележана со 382 протести, од кои 262 во Грција и 120 во странство, а синдикатите од утрово започнаа генерален штрајк, што целосно ќе ја парализира земјата.

Вчерашниот опширен извештај на 178 страници на Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот (ЕОДАСААМ), две години подоцна, дава објаснувања на дел од неодговорените прашања.

Експертите забележуваат низа пропусти и недостатоци во грчката железница; уништени податоци и докази на местото на несреќата; можно присуство на непознато гориво што ја создаде огнената топка по судирот на патничкиот и товарниот воз, но и дека за пет до седум загинати, причината за смртта е пожарот.

Според извештајот на Националната управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот (ЕОДАСААМ), товарниот воз се движел со брзина од околу 90 километри на час, а патничкиот со околу 150 километри на час (и двата во рамките на дозволената брзина), меѓутоа на иста шина во спротивна насока, а за мнозинството од загинатите судирот бил кобен и токму тоа е причината за смртта.

Двете локомотиви на товарниот воз излетале на соседната пруга и удриле во вертикален потпорен ѕид, локомотивата и првиот вагон на патничкиот воз биле катапултирани на другата страна од пругата, а при ударот на земја биле целосно уништени. Следел втор, речиси директен судир меѓу вагонот-ресторан од патничкиот воз и првиот вагон од товарниот воз натоварен со челични плочи.

-Во меѓувреме, се формираше огромна огнена топка која изгледаше како да се движи со патничкиот воз. Во настанатите пожари на долниот терен целосно изгореа вагонот-ресторан и вагонот од втора класа, пишува во извештајот, а според шефот на единицата за истраги на ЕОДАСААМ Костас Капетанидис посочи дека за пет до седум лица, причината за смртта е оган.

За експлозијата и создадената огнена топка, сè уште, две години подоцна никој со сигурност не може да каже што ја предизвика.

Во изминатите две години, постоеја низа шпекулации во Грција за тоа што пренесувал товарниот воз, имаше сценарија дека е натоварен со нелегална пратка, со експлозивни или запаливи материјали, но дека причината се силиконските масла од локомотивите, за кои Барт Аку од европската железница, посочи дека „многу малку веројатно да има основна улога во формирањето на огнената топка“.

Капетанидис истакна дека огнената топка била многу голема, дека не постои индикација дека железничкиот материјал го предизвика пожарот и „можно е постоење на едно, засега непознато гориво“, а со идентичен став е и Аку, кој објасни дека она што било пријавено дека го пренесува товарниот воз „не ја оправдува огнената топка“.

Во железничката несреќа загинаа 57 лица, 56 тела беа пронајдени и идентификувани, едно никогаш не беше пронајдено, а повредни беа над 100 лица.

Најголемиот број од патниците во возот беа студенти, кои биле на продолжен викенд и се враќале или дома или во универзитетскиот кампус.

Меѓу првите три вагони, кои беа најпогодени беше и вагонот-ресторан, кој поради јачината на судирот се превртел врз други два вагони и се запалил, што дополнително ја отежна идентификацијата на загинатите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ