• Latest
Downtown Jaipur, India

Во индиската држава Бихар 53 починати откако консумирале нелегално произведен алкохол

December 16, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во индиската држава Бихар 53 починати откако консумирале нелегално произведен алкохол

December 16, 2022 15:49
in ВЕСТИ, СВЕТ
Downtown Jaipur, India

Downtown Jaipur, India

Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на луѓе кои починале откако консумирале нелегално произведен алкохол во источната индиска држава Бихар достигна 53, соопшти денеска полицијата, пренесува МИА.

Специјален тим почна да го истражува случајот во областа Чапра во регионот Саран, изјави претставник на локалната полиција.

Неколку луѓе сè уште се лекуваат во болниците. Ниту еден нов случај од синоќа не е регистриран.

Првите извештаи почнаа да доаѓаат во вторникот, бидејќи луѓето пристигнаа во болниците во областа со стомачни грчеви, повраќање и заматен вид, соопштија локалните власти.

– Исто така, спроведовме интензивни рации низ областа во последните 48 часа и уапсивме 126 нелегални трговци со алкохол. Запленети се и повеќе од 4.000 литри недозволени алкохолни пијалоци, НДТВ  го цитираше окружниот судија на Саран, Рајеш Мена на вчерашниот брифинг.

Бихар е една од ретките држави во Индија, каде е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол. Забранет е во државата од 2016 година непосредно пред регионалните избори на барања на женски групи кои рекоа дека нивните мажи ја трошат својата ограничена заработка на алкохол.

Често има извештаи од Бихар и Гуџарат, друга држава која го забрани алкохолот, за смртни случаи од фалсификуван алкохол, кој е нелегално произведен без никакви регулативи.

Во Индија, стотици претежно сиромашни луѓе умираат секоја година, затоа што пијат токсичен алкохол. Ова е поевтино од комерцијално произведените, но често содржи метанол или други супстанции кои можат да предизвикаат сериозно труење.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Индијанелегален алкохол
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result