Во очекување на конечната разврска од Собранието, пратениците пред почетокот на седницата имаа позитивен став и очекуваа дека предлогот на Владата за уставни промени ќе се гласа со двотретинско мнозинство.
„ Ние се надеваме дека ќе си ја преземеме одговорноста сите заедно и дека конечно ќе ги оствариме оние стратешки определби на граѓаните и навистина ќе имаме консензус и ќе ја внесеме државата во НАТО и ЕУ“, изјави Јулијана Николова.
„Јас мислам дека ќе успееме да влеземе во постапка за измена на Устав и за исполнување на обврските од договорот, што значат иднина на Македонија, а тоа се евро-атлантските интеграции. Јас верувам дека процесот ќе успее. Независно како и независно кога процесот ќе успее“, ијзави Фросина Ташевска Ременски.
„Се надевам дека ќе преовладее состојбата која е веќе очигледна и мислам дека е добра прилика да се сплотиме. Најубаво би било сите 120, но еве заради демократијата едно 4-5 нека гласаат против“, рече Ферид Мухиќ, независен пратеник.
„Ако се исцрпи дискусијата ќе гласаме. Ќе видиме како ќе биде“, заклучи Мухамед Зекири.
Биљана Јордановска
Монтажа: Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија: Маја Ивановска