Во текот на изминатото деноноќие, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.