„Продолжува дезинфекцијата на јавните површини и станбените објекти во Куманово“, информираа денеска од општинскиот кризен штаб. Во тек е и редовното делење на пакети со храна, средства за хигиена и дезинфекциски средства за ранливите категории граѓани.
Редарската служба, велат од штабот, се наоѓаат пред објекти и дели бесплатни маски за граѓаните низ градот, а во делењето на маските се вклучени и инкасатори од ЈП „Чистота и Зеленило“.
„Општинскиот штаб за заштина и спасување од моментот на периодот на самоизолација на дел од членовите, непрекинато, во континуитет одржува редовни состаноци на штабот преку видео конференциска врска помеѓу сите членови. Состаноците заради комуникацијата и координацијата, непречено функционираат и сите заклучоци и предлог мерки се операционализирааат на институцинални и оперативни нивоа преку сите субјекти во системот“, се вели во соопштението на штабот.
Оттаму посочуваат дека секој субјект дејствува согласно заклучоците на ОШЗС, притоа почитувајќи ги препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија.












