Министерството за цивилна одбрана и вонредни ситуации на Краснодарската област соопшти дека пожарот во катната зграда во градот Јејск, каде се урна воен авион, е изгаснат.
„Пожарот во катната зграда е целосно изгаснат. Евакуирани се 250 луѓе, меѓу кои 40 деца. Сите се сместени во шест хотели и пансиони со капацитет од 500 легла“, се вели во соопштението.
Според извештаите на локалните медиуми, пожарот зафатил пет ката од повеќекатната зграда, а бил зафатен уште еден блок од таа зграда. Руските власти започнаа истрага и испратија истражители на местото на несреќата. Јеиск лежи на спротивната страна на Азовското Море од брегот на јужна Украина, кој беше окупиран од Русија во војната што започна во февруари. Јеиск се користи како база за обука на поморската авијација.