Државната комисија за спречување на корупцијата во петок, 15 мај, со почеток во 10:00 часот, ќе ја одржи 30-тата седница.
Имaјќи ги во предвид препораките на Владата на Република Северна Македонија донесени во насока на спречување на ширењето на COVID-19, како и немањето просторни услови за присуство на медиуми во овој период, 30-тата седница на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се одржи без присуство на медиуми.
На дневен ред на седницата се усвојување на Записник од 26-та седница, Записник од 27-та седница и Записник од 29-та седница на ДКСК; предлог-одлука за утврдување и ставање во употреба лого на Државната комисија за спречување на корупцијата, усвојување на Извештајот за остварување на Државната програма 2016-2020 година за период јануари 2016-јули 2019 година и постапување по конкретни предмети.