• Latest

Вo предвечерието на новиот живот

May 18, 2017

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

(ВИДЕО) Катарскиот премиер Ал-Тани го обвини Нетанјаху дека „убил секаква надеж“ за израелските заложници

September 11, 2025
Фото: Скринчот од видео на
CBS News

Руски дронови веќе влегоа во воздушниот простор на неколку НАТО членки – многу други може да бидат во нивниот дострел

September 11, 2025

Метаморфозис: Политичките влијанија и финансиските проблеми ја гушат медиумската слобода

September 11, 2025

Бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

„Нетанјаху, не си одиме, справете се со Хамас, одете и убијте ги, ние не сме виновни“- пркос во Газа, додека Израел се подготвува да го освои северниот дел од Појасот

September 11, 2025

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

September 11, 2025
Nepali Parliament set on fire by Gen. Z protesters
Source> screenshot from Al -Jazeera video

Непал: Парламентот во пламен, соборен премиерот, демонстрантите од Генерацијата З бараат поголема застапеност

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вo предвечерието на новиот живот

May 18, 2017 15:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

17 Мај… Денес дишам со полни бели дробови. Гледам срамежливи насмевки на лицата. Се прашувам – сон е ова или  јаве? Или тие ја доживуваат сопствената катарза. Има и накиснати колорити, кои во изминатава деценија го променија целиот спектар, од портокалова, сина, до црвено-жолта – бојата на македонското знаме, кое своевремено не го признаваа.

Пишува: Гордана Антулеска – Белческа

На прагот сме на новото време, во мугрите на новиот ден. Или, како што би рекол Рацин во „Копачите”:  „Да биде честит денот и првата ни стапка у првиот ни век”. Досега, го цитиравме “Тешкото”…

Но, што сега? Со бројните „сончогледи“, не мислам на постимпресионистичките „Сончогледи” на Ван Гог, туку на овиe нашите, домашните. А, грабливците што едвај чекаат да заграбат дел од колачот? Од сите патешествија низ кои што поминавме изминатата деценија, треба да сфатиме едно: големината на човекот не е во неговото богатство, туку во неговата издржливост, во неговиот интегритет и во способноста да влијае позитивно на оние околу него.

Во исчекувањето на новиот живот,  во надежта за рехабилитирање на нашава кревка држава, за средување на хаосот и анархијата, за…

Како човек од здравството и образованието, слободно можам да кажам дека моментално, има само гнилеж и скапаници, во сите сегменти на нашево општество. Треба да започнеме од почеток.

Но, да направам една рекапитулација.

Никогаш во животот не сум се чувствувала повеќе поразено, повеќе посрамено, отколку во изминативе години – да кажам дека сум доктор. Ми го урнисаа еланот, полетта, достоинството… А зошто? Затоа што докторската професија го достигна дното. Во секој поглед.

Реформите кои речиси ни беа секојдневие, ги уништија и онака кревките меѓучовечки односи. Реформата „на ти – дај ми”, или, ако сакате „± 20%”, наградите за „најдобар доктор”, реформата „Мој термин” и многу други, служат само за контрола на докторите, а лавиринтот што таа го крие во себе се одрази на здравјето на пациентите. Популарниот ДРГ, за кој постојат цели студии дека не е добар за земјите во транзиција, го осиромаши Здравствениот фонд до максимум. Сѐ што направи последната Влада беше работите да се постават наопаку, за последните да бидат први. А зошто? Зашто, само така можеш да контролираш сѐ.

А, во образованието? И таму ситуацијата е иста. Еден од апсурдите на Владата што замина, ако се сеќавате, беше реклама која одеше неколку месеци, реклама за приватните универзитети и приватното школување. Не дека таа се грижеше за нив! Заднината беше сосема друга. Не долго потоа, следеше одземање на автономијата на Универзитетот. А да не зборуваме за дисперзираните студии и нивната ефективност. Преводите на стручната литература се вистинска гротеска, можат да се  отсликаат во Пикасовата „Герника“ и македонското страдание. Критериумите се сведени на минимум, хиперпродукција на кадар, од кој поголемиот дел се професионални „инвалиди” или квазиинтелектуалци. Апотеозата на глупоста на досегашната Влада, т.н. Кембриџ-систем на образование, беше уште еден аперкат  за образовниот систем…

Со еден збор, досегашната Влада покажа и докажа дека овој галиматијас од реформи,  или реформи „во од” не водат кон успех, напротив.

И затоа, ќе прашам: што сега?

Во центарот на здравствената програма секогаш треба да биде пациентот. Од далечната 1986 и Меѓународната конференција за здравство, се укажува дека треба да го имаме предвид следното – унапредувањето на здравството е збир на пет важни области: градење здрава, јавно применета политика, создавање на услови за поддршка, зајакнување на учеството на заедницата, развој на индивидуалното стопанство и преориентирање на здравствените услови.

Сите овие пет компоненти ги има во Програмата на новата влада. Јавното здравство е наука и уметност на спречување болести, продолжување на животот и унапредување на здравјето. Оттука, здравјето на поединецот треба да биде приоритет на секоја влада. Да се заложиме за уставната определба каде експлицитно стои дека на сите граѓани на Република Македонија им е гарантирано правото на здравствена заштита.

Но, исто така, треба да им го вратиме и достоинството и дигнитетот на „белите мантили“, да им ја вратиме положбата во општеството којашто ја заслужуваат и којашто со право им припаѓа. Промоцијата и превенцијата треба да бидат основа на примарната здравствена заштита, која е база на секој здравствен систем. Приоритет да ни биде квалитетот, а не квантитетот! Нова законска регулатива за отстранување на сите аномалии од овој систем и задолжително – закон за заштита на правата на здравствените работници! Да се заложиме за реформи кои ке овозможат првилен и навремен третман на секој пациент, без оглед на исправноста на упатот. Пациентите не се бројки, а правилната тријажа може живот да значи.

Да бидеме агилни во донесувањето на правилни одлуки, а малата Тамара, нека биде вечен сведок за тоа како не треба да се работи! Да се врати системот за континуирана медицинска едукација, доживотното учење да стане пракса. Само на таков начин ке обезбедиме, подобрување на меѓучовечките односи, единство во фелата, а со тоа и нејзино јакнење и целисходно ангажирање.

Образованието треба да застане на здрави нозе! Да ја вратиме автономијата на Универзитетот, да го вратиме квалитетното образование! Да се врати дигнитетот на образовниот кадар. Дебатите со експертски тимови од повеке области, комплексни и подготвени, на висината на одговорноста која ја обавуваат, со конфликт на спротивставености, со „Storm of Ideas”, која од тоа би произлегла, ќе овозможи донесување на правилни решенија, не само во здравството и образованието, туку во сите сфери на општественото живеење.

Новата влада има програма што ветува многу. Но, треба да знаеме едно:  за сето ова е потребно време и трпение од сите нас, без исклучоци. И, еден совет. За да го раскринкаме криминалот што ја доведе државата до работ на амбисот, задолжителна е ревизија на 11-годишното раководење во секоја јавна и приватна институција, особено во оние што беа под покровителство на државата. Сѐ со цел да го уживаме моментот, оти, „Силно светнал ден!“.

А во иднина, секогаш да ја имаме на ум мислата на легендарниот Махатма Ганди: „Не е мудро да се биде премногу сигурен во сопствената мудрост. Здраво е да се потсетиме дека и најсилните можат да ослабат, а најмудрите можат да згрешат!”.

(Авторката е доктор, специјалист рентгенолог)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Мој термин“„Силно светнал ден!“ГандиДРГјавно здравствокатарзаквалитет пред квантитетКембриџ системреформски галиматијас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ