Доналд Трамп и Џо Бајден влегуваат во крајот на изборната кампања за Белата куќа, а рекордни 90 милиони Американци веќе гласаа за претседател на САД.
Досега, можноста за рано гласање ја искористиле 65 отсто од вкупниот број гласачи кои излегле на изборите во 2016 година, а таквата голема излезност пред самите избори го потврдува големиот интерес на Американците за овие избори.
Покрај тоа, стравот од ширење на коронавирусот, исто така, придонесе за голем број граѓани да одлучат да гласаат по пошта или на избирачките места со цел да избегнат гужви на денот на изборите, 3 ноември.
Најновото истражување покажува дека Трамп насекаде заостанува зад Бајден, освен во сојузните држави што носат голем број електорски гласови.
Претседателските избори во САД се одржуваат идната недела, на 3 ноември, каде ќе се одбера 46-тиот претседател.












