Според српските провладини медиуми, денеска ќе се одржат собири во 140 градови и општини низ целата земја под слоганот „Граѓаните против блокадите“.
Собири се закажани во сите поголеми и помали градови – од Суботица и Нови Сад, преку Панчево, Смедерево и Шабац, до Крагуевац, Крушевац, Ниш, Лесковац и Врање. Во Белград, собири ќе се одржат во неколку општини – во Палилула, Вождовац и во населбата Лештане.
– Србија те повикува! Денес ја испраќаме најјасната порака за единство: не прифаќаме насилство и дестабилизација, сакаме стабилност, мир и почитување на законот – нагласуваат иницијаторите.
Вториот голем протест на плоштадот Славија „Јавни добра = вредност, а не роба“ ќе се одржи денес во 17 часот, а на овој митинг повикува Здружението на работнички колективи, синдикати и професионални синдикати „Социјален фронт“, со поддршка на студенти од неколку факултети во блокадата. Организаторите истакнуваат дека целта на протестот е јавно спротивставување на потезите на владата, кои го отвораат патот за целосна приватизација на клучните државни системи и ресурси како што се ЕПС, Српски железници, Српска пошта, Српски шуми, Водовод и други јавни претпријатија од витално значење за граѓаните.
Д. Т.