Поради зголемување на обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.
ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА
Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.
Од тимовите за мониторинг на овие избори, на најуспешните двајца ќе им биде понуден ангажман во сферата на мониторингот и промоцијата на проектот „Европа е наш дом“ до крајот на јануари 2021 година.
Набљудувачите на ЦИВИЛ, како и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, секогаш имаат можност да станат дел од проектите на ЦИВИЛ, особено проектот „Граѓански објектив“.
Набљудувачите на ЦИВИЛ се дел од проектите „Монитортинг на политичкото финансирање“, „Лажни вести, дезинформации и говор на омразата во изборните процеси“, „Европа е наш дом“ и „Граѓански објектив“.
Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.
Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.
Поддршката на мониторингот на ЦИВИЛ преку споменатите проекти доаѓа од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Националната фондација за демократија (NED), Швајцарската агенција за развој и соработка и Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
ЦИВИЛ Тим за комуникации