• Latest
Војо Маневски

Во тесно

May 9, 2022
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во тесно

May 9, 2022 09:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Некогаш ми се појавува некој поим што сакам да го коментирам, ама никако да најдам соодветен термин. Сакајќи да ја опишам состојбата во која како граѓани се наоѓаме, се потсетувам на долгите расправии околу соодветниот превод на името на една од светските рок групи, некаде во почетокот на осумдесеттите години од минатиот милениум. Кога се појави големиот хит „Султаните на свингот“ на групата Дајар Стреитс се обидувавме да најдеме некој контекст, каде би можеле да ја сместиме нивната музика, а излезот го баравме во преводот на нејзиното име. Колегите од српско-хрватското подрачје се сетија дека тоа е изразот „у шкрипцу“. Јас не можев да се сетам на прикладен термин, ама се сетив на состојбата кога сѐ мора да се прави под притисок и го предложив терминот „во зорт“. После излезе дека тој е од турско потекло, ама во тој момент помогна во рамноправната дискусија што не смееше да покаже дека македонскиот јазик е посиромашен од нивниот.

И денес не сум сигурен дека имаме соодветен збор за состојбата во која се наоѓаме, ама со една реченица може да се долови описот. Според мене тоа е нагоре високо, надолу длабоко, а во средина гужва правиш. Така барем состојбата ја доживуваат обичните граѓани што се обидуваат да закрпат цел месец, ама веќе им недостасува и платно и конец за закрпата.

Она по кое сме веројатно уникатни е можноста за поделби дури и кога нема што да се дели. Светска економска криза се засилува, сите сериозни лидери повикуваат на решенија за превенција на последиците од кризата која допрва ќе дојде, а кај нас никој не сака да преземе целосна одговорност. Ни Владата ниту опозицијата, а ниту администрацијата. Штрајк врз штрајк за поголеми плати во јавниот сектор. Во право се кога велат дека платите не се доволни за пристоен живот, ама  пристојноста на приходите не доаѓаат само од себе.  Често се одговара со реченицата: „Не нѐ интересира, Владата нека најде средства“!

А да се постави едно „мостопитно прашање“ не е на одмет, ама ги става многумина во тесно околу одговорот. Како се станува вработен во јавниот сектор? Оние што по старите процедури се вработија како службеници од разни видови се веќе во пензија. Оние што сега се носители на тие јавни права и обврски се по некоја друга процедура во службеничкиот сталеж. Дали суштински ги поминаа сите со закон пропишани постапки со кој се вработија во јавниот или државниот сектор? Формално сите поминаа низ таква процедура, ама суштински помалиот број беше на испит.

Еве една препорака за реформаторите на јавната администрација. Секој што бил дел од некој партиски список за вработување во јавниот сектор нека се откаже од било каков партиски ангажман, бидејќи администрацијата е професионална и им служи на граѓаните. Се крши уставното право на рамноправност, ќе речете! За прашањето дека е скршено правото на некој со самото тоа што преку партиски списоци, а не по законска процедура се одбрани, оние што сега штрајкуваат за поголеми плати, не се разговара, зошто сега сите сме во состојба на зорт или теснец, како што се обидувам да ја крстам состојбава јас.

Паднал град, се бара Владата да ги надополни штетите, суша стегнала, исто се бара, родило многу, Владата да најде пласман. Да не редам повеќе, зашто на сите ни се познати ваквите појави. Владата краде и е корумпирана кога критиките ги упатува опозицијата, кога истата дојде на власт едно две години ја обвинува претходната гарнитура за оставени долгови и недомаќинско работење, а во следните две години се подготвува за нови избори и сѐ одново од почеток. Резултатот е видлив на страната каде се напишани процентите на задолженост и дефицит во меѓународната размена на стоки и услуги. Страните на теснините во кои го поминуваме животот се стегнуваат и дури сопствената кожа ни станува тесна.

А за правото во постапките на партиите нема приговор. Според нивната страна на теснецот тие се во право. Власта не сака избори зошто мора да носи многу непопуларни одлуки. Нашиот народ е таков, тој е во постојана потрага по некој лидер или почесто господар што ќе ја преземе одговорноста за државата и ќе донесе светла иднина. Често му се подарува верност до гроб, па дури и кога вистината ги боде очите или прави збрки во дефинираните ставови во главата.

Сегашната позиција не може да дозволи избори во тековната година најмалку, зашто шансите за останување на власт не ѝ се многу големи. Ќе ги чека подобрите времиња кога ќе влезе со поголеми изгледи во изборната трка. Вака гледано, тие се во право, иако нивниот ѕид на теснецот што нѐ стави во зорт го намалува просторот за нормално живеење. Опозицијата со сите средства бара избори, зашто стиснатите граѓани бараат светло од тунелот во кој се наоѓаат веќе со години и овде опозицијата ја гледа својата шанса. Целта на партиите е да дојдат до власт и затоа се формирани. Притоа, ќе употребуваат средства кои сметаат дека се легитимни според нив. А за обландата дека тие средства се демократски – да не дискутираме. Изгледа дека тој поим е толку растеглив што ми прилега на стреч хеланки. Секоја задница може да влезе во нив.

Дел од власта ја има и опозицијата и тоа во најголем дел од локалните самоуправи. Енергетската криза веќе ги погодува јавните претпријатија. Тие ќе ја намалат својата активност и тоа ќе се одрази врз потребите на граѓаните. Ако не ги распоредат средствата од програмите, наесен ќе биде тешко да покажат некаква активност. Централната власт се обидува да ги прикаже локалните самоуправи како неспособни и со тоа да си ги врати гласовите што ги изгуби на минатите избори и ќе ги користи сите средства што ѝ се на располагање како што е буџетот и државната администрација. За соработка и заштита на интересите на граѓаните овде има место само ако е тоа услов за покажување на своите активности. Затоа е сосема легитимно што опозицијата бара избори и тоа што е можно поскоро. Ќе ги користи сите средства што ѝ се на располагање да го постигне тоа.

И така едниот ѕид од теснецот си има своја перспектива, а другиот си има друга перспектива. Во средина се граѓаните од сите социјални слоеви и нации, а богами и од сите партии. Од некаде од горе се најавува бура и можни порои. Од некаде одоздола се најавуваат одрони и можни застои во протокот. Во средината станува тесно и неподносливо, а граѓаните почнуваат да се судруваат наместо да се сплотуваат. Ако се појави некој премин сите ќе нагрнат кон него и ќе настане гужва. Неисцрпна е мојава имагинација, ама да оставам нешто и на вашите комбинации за иднината. Како и да е, не најдов соодветен збор за нашава состојба, па се позајмив од јазиците на другите народи, а јазикот е нашата татковина.

Ако може државата да се задолжува, тогаш можам и јас да барам позајмица од другите јазици. Јас и не морам да ги вратам, ама државата ќе мора да ги врати парите што сега сите ги бараме.

Државата чија беше?

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ