• Latest

Во Врховен суд недостигаат десет, во Виш управен четворица, а во апелационите судови низ земјава вкупно 49 судии

September 26, 2023

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во Врховен суд недостигаат десет, во Виш управен четворица, а во апелационите судови низ земјава вкупно 49 судии

September 26, 2023 14:18
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на денешната 455 седница ја разгледа анализата за потребниот број на судии во Врховен, Виш управен и четирите апелациони судови во Скопје, Битола, Гостивар и Штип, пренесе МИА.

Анализата го покажува оптималниот број на судии во секој од судовите за навремено и ажурно постапување, согласно приливот на предмети и ќе биде користена како основа при објавувањето огласи по судови низ државата.

Според анализата во Врховен недостигаат десет судии, во Виш управен суд четири судии, во Апелационен суд Скопје 36 судии, во Апелационен суд Битола седум, во Апелационен суд Гостивар два и во Апелационен суд Штип четворица судии.

Претседателката на работната група која што ја изработи анализата за потребата на судии и судски службеници по судовите, Весна Дамева, нагласи дека таа е изработена врз основа на мислења прибавени од сите судови, како и анализа на податоци за бројот на примени и сработени предмети во последните три години, односно за 2020, 2021 и 2022 година.

Дамева, нагласи дека утврдената бројка на потребни судии е врз основа на обемот на работа, без да се земат предвид заминувањата во пензија.

Во Врховен суд во моментот по систематизација од 28 пополнети се 16 судиски места, од кои еден е претседател, а на еден му мирува функцијата. Работната група смета дека оптимален број за навремено и ажурно постапување е 26 судии, вклучително и претседателот.

Виш управен суд, по систематизација од 13, пополнети се осум места. Работната група смета дека оптимален број е 12 судии, вклучително и претседателот на суд.

Во Апелационен суд Скопје, од предвидените по систематизација 52 судии, во моментот има 30, од кои на двајца им мирува судиската функција и се избрани за судии во Уставен суд. Работната група смета дека оптимален број за навремено постапување е 66 судии.

Во Апелационен суд Битола, од предвидените 25 по систематизација, во моментот има 13 судии, од кои еден е претседател и на еден му мирува судиската функција. Работната група смета дека оптимален број е 20 судии, вклучително претседателот на судот.

Апелационен суд Гостивар, од предвидените 16 по систематизација, има 14, од кои еден е претседател, а на еден му мирува функцијата, бидејќи е избран за член на Судски совет. Работната група смета дека оптимален број е 16 судии, вклучително и претседателот.

Апелационен суд Штип, од предвидените по систематизација 16, во моментот има осум судии. Работната група смета дека оптимален број за совладување на бројот на предмети е 12 судии, вклучително и претседателот на судот.

Лорета Горгиева, посочи дека како член на работната група, барала анализата да биде вратена на доработка, од причини што не ја одразува реалната состојба, барем не, како што нагласи, на секој од членовите на Комисијата.

– Генерално нема да изнесувам бројки, иако лично бев спремна да го кажам на записник, за да биде на крај прифатена од сите кои сме членови. Сметам дека проекцијата на секој од нас требало да биде земена во предвид, дури и како посебно мислење во рамки на анализата, меѓутоа не и да биде игнорирано и да ти биде оневозможена работа во комисијата, изјави Горгиева.

Сметам, нагласи Горгиева, дека опструкцијата да не учествува во работата била, како што вели, да не се кажат некои реални параметри и да не бидат дел од анализата.

Членот на Судскиот совет, Ивица Николовски, посочи дека од анализата може да се види дека на сите подрачја и во сите судови има недостиг на судии, има помал број на судии и потполнети места.

– И со претходната анализа и утврдена бројка и со сегашниот предлог. Дека е тоа така, ние секојдневно во нашата работа се среќаваме со поплаки за долго траење на постапки, судење во неразумен рок и застареност на предметот. Основен проблем е што ние сега сме далеку од бројката која врз основа на критериуми треба да биде исполнета за да пристапиме кон подобри резултати и поажурно судство, изјави Николовски.

Согласно стратегијата на Судски совет, анализата потоа треба да се користи и при изработка на нова судска мрежа на територијата на целата држава.

Судскиот совет извештајот од анализата го усвои со десет гласа „за“ и еден „против“.

На денешната седница, Судскиот совет донесе и одлука за објавување оглас за избор на двајца судии на Апелационен суд Штип за граѓанска област.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ