• Latest

Во земјава ќе се произведува амбалажа за КОВИД-вакцините, течат разговорите на „Гересхајмер“ за проширување на инвестицијата

April 28, 2021
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во земјава ќе се произведува амбалажа за КОВИД-вакцините, течат разговорите на „Гересхајмер“ за проширување на инвестицијата

April 28, 2021 10:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во наредните два месеца германската компанија „Гересхајмер“ ќе соопшти дали ќе ја прошири инвестицијата во земјава, која, според првичните проекции, би требало да достигне околу 100 милиони евра.

Како што изјави потпретседателот на „Гересхајмер“, Оливер Бургел за „Дојче веле“, компанијата е во фаза на разговори, но многу важно при носењето на конечната одлука ќе биде и поддршката од македонската Влада која досега, оцени, е многу добра.

Германскиот производствен гигант за медицинска и фармацевтска амбалажа веќе ја стартува работата во Северна Македонија. Почна првата фаза тешка околу 30 милиони евра и 350 вработувања, со производство на специјални високософистицирани навртки за шприцеви која, според Бургел, се одвива согласно плановите. Многу бргу, истакнува потпретседателот на „Гересхајмер“, ќе бидат познати и деталите од планот за проширување на капацитетите.

-Досегашната инвестиција е околу 30 милиони евра и во првата фаза опфаќа околу 350 вработени. Но, доколку ги постигнеме очекуваните резултати, идејата е инвестицијата да се прошири. Деталите за ова ќе бидат познати во наредните два месеца. Нашиот инвестициски план е во двоцифрена милионска сума и во насока на околу 100 милионска инвестиција. Сепак прецизно не би можел се уште да кажам, бидејќи сме во фаза на разговори. Но, секако многу важно при носењето на конечното решение ќе биде и поддршката што ја добиваме од Владата која досега е многу добра, изјави Бургел.

Евентуалната одлука за проширување на производствениот капацитет, треба да биде досега најголема инвестиција во Северна Македонија, наведува „Дојче веле“. Доколку се реализира во близина на Скопје ќе се произведува амбалажа за вакцините против корона вирусот кои се користат ширум светот.

Поддршката и условите, но и брзината на реализацијата на она што било ветено од страна на македонските власти било пресудно „Гересхајмер“ да ја донесе одлуката за инвестицијата во Северна Македонија. Првично, македонскиот пазар воопшто не бил во фокусот на германската компанија која важи за водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика.

-Идејата за инвестиција во регионот е од 2017 кога и почнавме разговори и скенирање на теренот. Бевме во Албанија, Србија, Унгарија и С Македонија. Ја разгледувавме инфраструктурата и имавме средби со властите на различно ниво. Албанија отпадна релативно рано, исто така и Унгарија. Останаа Србија и С Македонија со кои интензивно разговаравме. Пресудно беше она што го имаше во С Македонија, а во Србија беше на ниво дека ќе биде. Се одлучивме за тука поради поддршката, но и откако се уверивме во инфраструктурата, автопатот што е импозантна. Разговорите почнаа уште во времето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Ја добивме потребната поддршка и еве работиме, објаснува Бургел.

Во првата фаза од работењето, освен специјализираните навртки во план се и производство на катетри, но и уште неколку други т.н. аксесори за вакцините. За наредната фаза, која треба да донесе дополнителни вработувања, се предвидува готов производ. Целосни стаклени шприцеви со игли подготвени за полнење. Практично, ќе се произведува амбалажа за вакцините кои, во екот на пандемијата на корона вирусот, станаа најбарана стока во светот.

Станува збор за водечки глобален партнер во фармацевтската и здравствената индустрија кој произведува специјализирани производи од медицинско стакло и пластика. Инвестицијата на Гересхајмер е високо софистицирана и обезбедува работа за висококвалификувани кадри кои се и многу добро платени.

Бургел е свесен за предизвикот дека ќе има потреба од високо едуцирани и квалификувани кадри, но подготвени се како компанија активно да се вклучат во процесот на дуален систем на образование, кој по моделот на Германија веќе две години активно се спроведува во Северна Македонија во соработка со дел од постојните инвеститори во земјата.

Инвестицијата на „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2 според македонската Влада е од исклучително значење. Не само поради високата и софистицирана технологија, туку и поради новите вработувања што ќе влијаат на натамошно подобрување на севкупниот економски раст.

Реализацијата на овој проект, кој е со потенцијал да прерасне и во досега најголема инвестиција, според надлежните во земјата, е потврда и конкретен резултат на посветеноста во работењето кон подобрување на условите за постојните, но и привлекување на нови инвеститори.

-Можам само да го истакнам моето очекување дека во скоро време ќе можеме да склучиме најголем договор за странска инвестиција во историјата на Северна Македонија. „Гересхајмер“ само во првата фаза се обврза да отвори 200 работни места, а на среден рок да го удвои овој број. Нашите сограѓани кои работат овде веќе примаат плати двојно над државниот просек. ТИРЗ и оваа Влада се насочени кон компании со напредни технологии кои носат високо платени работни места кои ќе обезбедат добар животен стандард и се начин да им обезбедиме перспектива и иднина на младите дома, во својата земја, вели директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.

Фабриката на „Гересхајмер“ во зоната кај Скопје е прва во регионот на Југоисточна Европа. Најблиската фабрика на оваа германска компанија се наоѓа во Чешка. На глобално ниво, освен во Европа, „Гересхајмер“ има производствени погони во Северна и Јужна Америка, но и во Азија. Во моментов компанијата вработува околу 10.000 луѓе, а годишните приходи се на ниво од приближно 1,4 милијарди евра.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ