• Latest

Водич низ Локалните избори 2021: Сите податоци и рокови за изборниот процес на едно место

September 10, 2021
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Водич низ Локалните избори 2021: Сите податоци и рокови за изборниот процес на едно место

September 10, 2021 16:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија за претстојните локални избори на 17 октомври овозможи два начина на следење на роковите за извршување на изборните дејствија. Едниот начин е да се следи официјалниот документ „Роковник за извршување изборни дејствија за спроведување на Локални избори 2021“. Со новата верзија на веб страницата, ДИК овозможува попрегледно следење на нивната работа, календарски, каде што кратко и разбирливо се опишани обврските, пропишаните крајни рокови за ДИК, но и за останатите надлежни органи во спроведувањето на изборите.

10 септември

Завршува јавниот увид во Избирачкиот список, МВР доставува листа на државјани кои поднеле барање за нова лична карта и лица што ќе наполнат 18 години до денот на изборите 

Најдоцна на 10 септември, Министерството за внатрешни работи да достави листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа и истите ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид (10 септември) и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите.

11 септември

Краен рок за поднесување кандидатури до општинските изборни комисии

Политичките партии и независните иницијативи можат да ги поднесат кандидатурите за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии најдоцна до 11 септември, на полноќ.

14 септември

ДИК го доставува Избирачкиот список до политичките партии

За месец септември останува обврската на ДИК да го достави Избирачкиот список до политичките партии, најдоцна на полноќ на 14 септември. Најдоцна 10 минути пред полноќ на 16 септември oрганот надлежен за извршување на санкциите треба да достави податоци за лицата кои се во притвор или се наоѓаат на издржување казна затвор, Министерството за труд и социјална до да достави податоци за лицата кои се пријавиле за гласање во установи за вонсемејно згрижување и обврска на ДИК е да ја објави промената на описите на избирачките места по општини.

16 септември

ДИК ќе ги објави описите на избирачките места

На 16 септември, како што е најавено на веб страницата на ДИК, ќе бидат објавени описите на избирачките места по општини.

19 септември

ДИК влече ждрепка за единствена листа и рекламни паноа и билборди

До 19 септември на полноќ политичките партии имаат обврска да достават барање за запишување, дополнување или бришење на податоци. На 23 септември ДИК ќе ја одржи ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати со обврска да ја објави на својата веб страница и со ждрепка ќе ги распредели рекламните паноа и билборди.

24 септември

ДИК го заклучува Избирачкиот список

На 24 септември, ДИК го заклучува Избирачкиот список, со што истекува рокот за проверка на граѓаните, како и рокот за поднесување барање за запишување, дополнување и бришење на податоци од Избирачкиот список. На 26 септември ДИК предвидува потпишување на Кодексот за фер избори од учесниците на локалните избори.

27 септември

Почеток на изборната кампања

Изборната кампања за прв круг почнува на 27 септември на полноќ и ќе трае до 15 октомври на полноќ. Изборната кампања за втор круг започнува по завршување на првиот круг на гласање, 18 октомври и ќе трае до полноќ на 29 октомври.

1 октомври

Се заклучува и се потпишува Избирачкиот список

На 1 октомври се заклучува и се потпишува Избирачкиот список со што точно ќе се знае колку гласачи се евидентирани со право на глас на 17 октомври. Според последното ажурирање на Избирачкиот список на 1 мај, регистрирани се 1.793.045 гласачи. До полноќ на 1 октомври, Општинските изборни комисии (ОИК) имаат обврска на видно место да ги истакнат објавените описи на избирачките места кои се определени за гласање со назначување од кое подрачје избирачите ќе гласаат на одделно избирачко место.

6 октомври

Краен рок за доставување барања за набљудување на изборите

Барањата од граѓанските организации за набљудувачите на изборите се поднесуваат од денот на распишување на изборите до 6 октомври или најдоцна 10 дена пред денот на гласање. ДИК има обврска овластувањата на набљудувачите да им ги достави најдоцна 7 дена пред денот на гласање.

6 октомври

Краен рок за предлагање на замена на кандидати од листите

Подносителите на листи до 6 октомври на местото на починат можат да предложат друг кандидат.

7 и 16 октомври

Поднесување извештаи за примените донации

На 7 октомври учесниците во изборната кампања се должни да поднесат Извештај за примените донации на трансакциската сметка. Ваков извештај поднесуваат и на 16 октомври за примените донации за прв круг на гласање.

9 октомври

Краен рок за гласачите да го известат ОИК дека не можат да гласаат на гласачкото место

Гласачите најдоцна до 9 октомври можат да ја известат ОИК доколку не се во можност да гласаат на гласачко место, а сакаат да гласаат.

13 октомври

ОИК да добие известување кои од гласачите што се во куќен притвор сакаат да гласаат

До 13 октомври ОИК треба да биде известена преку овластен полномошник кои од гласачите што на денот на гласање ќе бидат на издржување мерка куќен притвор сакаат да гласаат.

16 октомври

ОИК го предава изборниот материјал на избирачките одбори и гласање на лица во куќен притвор и затвор, раселени, згрижени во посебни установи

Ден пред гласање ОИК го предава изборниот материјал на избирачките одбори. Истиот ден гласаат немоќните или болни лица во нивните домови, гласачите кои се наоѓаат на издржување на казна затвор или се во притвор гласаат во казнено – поправните домови, гласачите кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката куќен притвор. На 16 октомври гласаат и лицата со статус внатрешно раселени лица во колективните домови и прифатните центри каде што се сместени, како и оние кои на денот на гласањето се згрижени во посебни установи за вонсемејна грижа.

17 октомври

Прв круг на гласање на Локалните избори 2021

Гласањето започнува во 7 часот наутро. Избирачките места се затвораат во 19 часот.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува по затворање на гласачките места на 17 октомври во 19 часот, сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците на ОИК во рок од 12 часа по завршување на изборите. Конечните резултати ДИК е должна да ги објави во рок од 24 часа. Истите рокови важат и за првиот и за вториот круг.

20 октомври

Медиумите поднесуваат Извештај за реализирани услуги

По изборниот ден од првиот круг на локалните избори, останува обврската на радиодифузерите најдоцна до 20 октомври да поднесат Извештај за реализирани услуги да го достават до АВМУ – прв круг.

Печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), до истиот датум поднесуваат извештај за реализирани услуги во прилог на фактурата кој треба да содржи и примерок од објави во печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал) до учесникот во изборната кампања, а потоа целосната документација и до ДИК со назнака дека се работи за прв круг.

25 октомври

Се потврдува Извештајот за реализирани услуги

На 25 октомври се потврдува Извештајот за реализирани услуги на радиодифузерите од АВМУ за прв круг.

30 октомври

Извештај за примените донации за втор круг

Најдоцна до 30 октомври учесниците во изборната кампања се должни да достават Извештај за примените донации на трансакциската сметка за втор круг.

30 октомври

Медиумите поднесуваат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања за прв круг

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) се должни да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа за прв круг. Радиодифузерите, исто така, се должни да го достават потврдениот извештај до Учесникот во изборната кампања, а потоа целосната документација до ДИК за прв круг најдоцна до 30 октомври.

31 октомври

Втор круг на гласање на Локалните избори 2021

Гласањето започнува во 7 часот наутро. Избирачките места се затвораат во 19 часот.

Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува по затворање на гласачките места на 31 октомври во 19 часот, сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците на ОИК во рок од 12 часа по завршување на изборите. Конечните резултати ДИК е должна да ги објави во рок од 24 часа.

3 ноември

Медиумите поднесуваат целосна документација до ДИК за втор круг

По изборниот ден од вториот круг на локалните избори, според Роковникот, останува обврската радиодифузерите да го достават Извештајот за реализирани услуги да го достават до АВМУ за втор круг, а печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), извештајот за реализирани услуги во прилог на фактурата кој треба да содржи и примерок од објави во печатениот медиум и електронскиот медиум (интернет портал) да го достават до учесниците во изборната кампања, а потоа целосната документација до ДИК за втор круг најдоцна до 3 ноември.

8 и 13 ноември

Потврди и извештаи за реализирани услуги од медиумите

Најдоцна до 8 ноември се потврдува Извештајот за реализирани услуги на радиодифузерите од АВМУ за втор круг, а најдоцна до 13 ноември радиодифузерите, се должни да го достават потврдениот извештај до учесниците во изборната кампања, а потоа целосната документација до ДИК за втор круг. Нивна обврска, како и на печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) е да поднесат извештај за рекламниот простор искористен од секој од учесниците во изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по таа основа за втор круг.

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ