• Latest
Војо Маневски

Војната нема разумен опис

March 15, 2022
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Војната нема разумен опис

March 15, 2022 08:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Три недели не се одлепувам од информациите за Украина. Слушам, гледам разни вести за стратешки разместувања, за игри на глобално ниво, за политики. А пролетта никако да дојде, барем некое сонце да ми го огрее дворот или барем некои сенки да ги разигра. Попусто чекам, а пролетта оваа година одлучила да почека малку, додека ние обичните створови не најдеме рамнотежа на својот дух. Често се прашувам дали и воопшто сме природни створови или некоја креација на вселенски патници кои залутале на својот пат низ галаксијата. Тие што слетале во нашиве простори изгледа ептен залутале, мора да има нешто во почвава што и нивните навигации ги пореметува.

Тешка ми е и главата со вакви дилеми, додека се обидувам да ги исчистам калливите чевли на чергичето пред вратата и очекувам дека со тоа ќе исчистам дел од своите гревови што волно и неволно сум ги направил. Се вртам да не сум оставил нешто од калта на Брегалница, што веќе личи на обичен водотек, притисната од сушата и човечката потреба за нејзините води. Што ли сѐ носи душава повеќе од чевлите, повеќе од наталожените остатоци врз чергичето од моите предци што низ прагот на овој дом поминале? Кога завршува животот и кога почнува свевишниот мир? Дали тогаш кога се збогува човек со сѐ она за кое верувал дека е вредно за живеење, или кога телото престане да функционира како организам, кога и најмалиот дел, кога ќе престане да ја извршува својата функција го руши целиот систем. Таа дилема трае само неколку мига, само трен кога сјајот на очите изгаснува, а бојата на лицето станува неопислива и безизразна. И аристократските сини очи гаснат исто како и плебејските бои на човечките прозорци на животот. Се обидувам да земам на својата кревка душа дел од судбината на луѓето што пред виорот на војната, пред потезите на некои моќници што со нив си играат вечна игра на моќ и власт и да споделам барем малку сочувство, ако веќе на никаков начин не можам да им помогнам.

Десетици анализи проследувам за да ја задоволам сопствената глад за информации што не е ништо повеќе од професионална деформација на новинар или само некаква брана за сопствениот страв од напливот на насилство кој може да нѐ заплисне во блиска иднина. Има ли диференцијација на приоритетите што би рекле политичарите? Колку боли сопствената болка, а колку болката на најблиските. Илјадници филозофи што поставувале теории и правила за донесување на заклучоци, пред ваквиот суд само бескрајно теоретизирале. Нема поголема вредност од сопствениот живот, освен вредноста на животот кој е поголем од сопствениот. И на крајот сѐ е исто, живееме за себе и за сите околу нас што се нашиот живот, како луѓе, а не како биолошки суштества. Сето тоа неприродно го нарушува некаква жед за власт, која нѐ тера да и се спротивставуваме.

Вовед во нешто што сите го знаете или барем си го чувствувате, а намерата ми беше да го изразам својот револт кон десетиците анализи и дебати за несреќата која ја притисна Украина. Ма господа аналитичари, ниту војната ниту мирот имаат правила, тие се состојба на човечките доблести и слабости како израз на природата на видот кој ја окупира планетата земја.

Ако судбината на милиони луѓе зависи од волјата на еден или неколку луѓе е тогаш и заслужува да биде во склад со нивниот карактер. Ако сѐ зависи од тоа на која нога станал владетелот или колку е стабилен неговиот нервен систем, тогаш ни нема спас. За среќа на родот човечки и покрај таквите мигови на историјата, сепак ниту еден поединец не е посилен од инстиктот на заедницата за опстанок. Колку подалеку се одмине во нечовештвото толку е потежок патот кон човештвото, како вредносен систем, прифатен од најголемиот број на нормални луѓе, ама друг пат нема.

Знам дека претерав во морализирање и паметување, но не можам да се оттргнам од помислата дека многумина од моиве колеги се обидуваат да најдат систем во нешто што е растурање на сите правила и системи. Колку ќе траела инвазијата врз Украина, кога Путин ќе ја запрел војната? Дали е војната стратегија во склад со доктрината на руската војска? Каде е стратегијата на одбраната на Украина? Можеби има некаква наука во сето тоа, но таа е само синтетизирање на искуствата што треба да им овозможи на генералите да воведат некакви правила во нешто што е лошата половина на човечката природа.

Знам дека сум здодевен со ваквите напишани реченици, но си давам за право да го изразам својот револт врз салонските експерти, кои за среќа никогаш не почувствувале мирис на експлодирана бомба или оклопно возило, кое гори со оган во кој има бои на божилак и мирис кој не може да се опише. Во мојот јазик, колку и да е новокодифициран за среќа нема таков збор. Е, па, почитувани експерти, оваа е остатокот во мојата разнишана меморија за небиднината која ја нарекувате „воена операција“ или ја крстите со било кои други литерарни имиња.

Првата недела од ноември беше, ако не се лажам. Ниту есен, ниту зима, ама темно и злобно беше. Целиот пат кој само пред една година го викавме „братство и единство“ беше полн со војни возила од различен вид. Од спротивна страна доаѓаа цивилни возила, трактори и камиони со луѓе, со лица кои е тешко да се опишат, а да се избегне чувството дека доаѓаат од некој од круговите на дантеовиот пекол. Тапи погледи кои потврдуваат дека некаде таму од каде тргнале е овоземскиот ужас… Мало комби со новинари во организација на тогашниот ТАНЈУГ полека се влече до рамницата на Западен Срем. Застануваме пред една бензиска пумпа и поради наша безбедност нѐ упатуваат кон низа на двокатни згради од црвена фасадна цигла. Околу нас војници со калашникови и шлемови со петокрака. Пред да се паркираме на голем простор, што некогаш имал секако друга намена, пристигнува камион со некакви униформирани лица со разни капи и со ознаки за кои не бевме слушнале. Ни приоѓа висок човек со подрасната брада и со црна капа на главата, на која беше закачена некаква значка со два орла.

-ООО браќо новинари, па де сте ви досад, де сте били да објавите кад су српску нејач убијали? Сад кад смо усташе притисли, ево вас, немој да им нешто наудимо. Нека, нека, истина је на нашој страни. Се сврте кон неговите војници и како од дното на грлото извика – Србија, Србија!

Офицерот со висок чин што беше задолжен за нас само шлакна со дланките и нѐ повика да влеземе во зградата.

-Рат је и свакаквих људи има, нѐ смируваше. Од тука, па натаму е воена зона и ако саката да се вратите оваа е последна линија. Од тука ќе морате да слушате што ви кажувам и да ме слушате. Секоја непромисленост може да е фатална. Одговарам само за послушните, другите нека се жалат каде сакаат.

На неколку стотина метри од местото каде нѐ сместија е спомен комплексот на Сремскиот фронт. Лепезесто поставен споменик со имињата на единиците на југословенската армија што го пробивале фронтот кон Товарник и Винковци. Бакарни букви со имиња и броеви на воени единици, а на еден од деловите на споменикот илјадници имиња на загинати борци од април 1945 година. Стојам пред споменикот и низ главата ми минуваат кажувањата на мојот чичко Крсто, кој овде на 4 април е тешко ранет. Петнаесетти македонски корпус, 41-ударна дивизија, пишува на споменикот, а зад тие бројки се млади луѓе од мојот штипски регион што војувале во овие калливи, а родни ниви. Поминувам со раката врз бронзените букви и броеви и немир ми ја тресе душата. Постар колега од Борба стоел зад мене, а не го забележав. —Па зарем ништо не научивме од вакви човечки кланици? Со длабок бас проговори и само ме потргна за раката. Изгледа ништо мој млад колега – и тргнавме кон местото што ни беше одредено за прес центар.

Следните три дена бевме во истиот центар, чекавме да добиеме дозвола да нѐ одведат поблиску до Вуковар. Околу нас постојано беа наоружани војници и офицери. Студена сремска есен со дожд што повеќе личи на леденици што се сливаат од облаците, постојан писок на артилериски плотуни и некаков ек на неописив татнеж на злокобни звуци што доаѓаа од западната страна е постојан декор. Од време на време излегувавме на некаков пат за кој ни кажуваа дека е кон Борово село. На смеа се испитувавме дали некој носи чевли од Борово. Еее, си ги погледнувам нозете, окупирани во војнички чизми, што ги добивме како задолжителна опрема и се сеќавам на белите „стартас“ патики за кои мислев дека се фатални за моите сокласнички од корзото во Штип. Колку далечна изгледаше таа состојба од плотуните што ја рушеа истата таа фабрика. Секоја граната ја поништуваше и белината на моите патики од штипското корзо.

Нѐ однесоа во едно село, мислам дека беше со име Грабово. Широки сремски улици и редица на куќи од една и другата страна. Купишта возила и на улиците и на делот пред куќите што некогаш биле посадени со рози. На едно широко место кое веројатно е било двор на некаков Пожарникарски дом, изгорени два тенка Т. 54. Не е за верување колку може да гори челикот, колку злокобно изгледа неговата изгорена силуета. Непријатен мирис се чувствува на десетици метри од него. Боја ли е, или изгорени човечки тела не можам да кажам, ама дека морници поминуваат кога се приближуваш до остатокот од страшното оружје, е или поради мојата чувствителност или мојата невојничка карактеристика.  Додека чекавме каде ќе бидеме сместени, дојде еден офицер со мајорски чин и коректно ни објасни дека ќе бидеме сместени по куќите и ќе нѐ чуваат припадници на локалните војни единици.

Овде почнува мојата приказна за лицето на војната, за преминот меѓу свеста и совеста. Го замолувам уредникот Џабир тоа да го направам најмалку во два дела. Не само поради заморот на читање, туку и тежината на пишувањата на спомените кои се обидувам да ги потиснам. Јас ги потиснувам, ама актуелностите ги враќаат. Нека останат како спомени и да не бидат актуелни новинарски или писателски текстови, ако е до мене.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ