• Latest

Војници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Словенија

August 14, 2023

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Војници на АРМ учествуваа во изградбата на привремен мост во Словенија

August 14, 2023 18:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија кои учествуваат во хуманитарните операции во Словенија за санирање на штетите од катастрофалните поплави, заедно со припадниците на Словенечката војска изградија привремен мост во општината Межица во северниот дел на земјата, кој денеска беше пуштен во употреба.

На отворањето на мостот во оваа општина во корушкиот регион, присустуваше словенечкиот министерот за одбрана Марјан Шарец.

-Словенечката војска набрзо пристапи кон изградба на овој привремен мост. Благодарност до инженерите. Мостот денес стои. Навистина ни требаше, тој е важен за локалното население и економијата. Драго ни е што беше поставен за толку кратко време, рече министерот Шарец.

Началникот на Генералштабот на Словенечката војска, генерал-потполковник Роберт Главаш, на пуштањето во употреба на мостот истакна дека мостот е изграден заедно со војниците на АРМ.

-Словенечката армија од самиот почеток соработува за отстранување на последиците од поплавите. Помага каде што можеме. Мислам дека помошта е огромна. Овој мост го изградивме заедно со членовите на македонската армија за четири или пет дена, рече генерал-потполковник Главаш.

Во Словенија се наоѓаат 100 припадници на АРМ кои помагаат во санирањето на штетите што ги предизвикаа поплавите, како последица на поројните дождови во првата недела од месецов. Помошта беше побарана од страна на Словенија преку механизамот NATO EADRCC.

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, согласно владината одлука, ќе останат во Словенија 30 дена, каде се вклучени во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето во поплавените подрачја.

Во најлошите поплави што ја зафатија Словенија од нејзината независност во 1991 година, загинаа шест лица, а беше предизвикана штета која се проценува на неколку милијарди евра. 

Фото: Министерство за одбрана на Словенија

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ