Вчера во Тетово, откако членови на навивачката група „Војводи“ физички нападнале двајца средношколци од албанска етничка заедница, јавува ИНА.
Според сведоштвата на жртвите, напаѓачите прво ги навредиле тешко со навредлив јазик со етничка содржина, пред да ги удираат организирано и континуирано со тупаници и клоци.
Спред ИНА, двајцата ученици се итно пренесени во Тетовската клиничка болница. Лекарите потврдија дека едниот од нив претрпел целосна фрактура на носот, додека другиот има сериозни физички повреди, вклучувајќи скршени ребра и лева рака. Нивната здравствена состојба е пријавена како стабилна, но бара континуирано лекување.
Во меѓувреме, тетовската полиција интервенирала со апсење на дел од навивачите на „Војводи“ осомничени за учество во нападот. Меѓу уапсените има 4 лица, додека се бараат и други навивачи што учествувале во нападот.
ДУИ го осуди чинот на насилство што се случи вчера во Тетово, каде поголема група луѓе, според изјавите на повредените жртви, биле од Македонска националност и нападнале неколку млади тинејџери Албанци.
„Ова е варварски, опасен и неприфатлив чин, кој претставува директна закана за мирот во Тетово и за меѓуетничките односи во земјата.
Итно бараме од органите за спроведување на законот и правдата да ги идентификуваат и казнат сторителите на овој напад во следните неколку часа. Секое одложување е еднакво на поттикнување насилство и нарушување на јавната безбедност. Ги повикуваме младите Албанци во Тетово да не потпаѓаат под провокации и да не стануваат дел од можни и опасни сценарија насочени кон дестабилизација и меѓуетнички тензии. Во исто време, јасно го кажуваме: институционалниот молк и неказнивоста на сторителите само ги продлабочуваат сомневањата за овие сценарија, ја докажуваат неправдата и им даваат поддршка на сторителите. Ова е втор пат оваа недела млади Албанци да бидат нападнати, претходно во Битол, а сега и во Тетово. Ова е алармен сигнал за сите: државата мора веднаш да реагира, бидејќи насилството никогаш нема да се толерира!“, реагира ДУИ.
И Алијансата за Албанците го осуди насилството и избрази длабока загриженост.
Овој напад, во кој двајца малолетници беа здобиени со сериозни повреди – едниот со скршен нос, а другиот со скршено ребро и рака – е доказ за неприфатлива клима на етничка омраза и институционална толеранција кон хулиганството.
Итно бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да ги идентификуваат и веднаш да ги уапсат сите сторители на ова кривично дело, кои не само што ги загрозија животите на двајцата млади луѓе, туку и влијаеја на чувството за безбедност на граѓаните, велат од АА.
Навивачката група „Војводи“ претходно беше позната по својата вмешаност во етнички мотивирани инциденти, но властите сè уште не го потврдија официјалниот идентитет на напаѓачите, објави ИНА.
Д. Т.