• Latest

Враќање на слободата!

September 22, 2017
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Враќање на слободата!

September 22, 2017 17:07
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Панел-дискусијата „Враќање на слободата“ која во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода се одржа денеска во Клубот на новинарите во Скопје, започна со читање на „Граѓанската повелба“ на младите активист(к)и на ЦИВИЛ коишто претходно со уличен перформанс на централниот скопски плоштад, ја пренесоа пораката „Молчењето ја убива слободата!“.За Граѓанската повелба и начините за враќање на човековите права и слободи во општеството говореа Јасмина Голубовска, Ирена Стеријовска, Дехран Муратов и Југослав Петровски како модератор.

„Колку ние имаме слобода? Колку смееме да зборуваме за нашата слобода? Преку примерот со двете девојчиња кои не беа пуштени во училиште затоа што носеа шамии, се поставува токму прашањето: за која слобода можеме да зборуваме?  Кого ќе треба да слушаат тринаесетгодишните девојчиња,  родителите кои им наметнале, според религијата, да носат шамии или професорот што им забранил? Во одбрана на тие девојчиња, не застана ниту една од феминистките што ги знам, како многу гласни за женските права…“, изјави Дехран Муратов од ЦИВИЛ-Центар за слобода.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Јасмина Голубовска зборуваше за борбата за слобода во политичкиот контекст во Македонија. Таа истакна дека сензационализмот и заробеноста на медиумите го отежнуваат процесот на ширење на слободата и промовирање на промените за кои се бореа граѓанките и граѓаните. Токму неслободниот пристап до информациите, нетранспарентноста и недостатокот на комуникација со граѓаните, ги прави политичарите коишто сега се одговорни  за промените, подложни за критики.

Јасмина Голубовска, активистка

Ирена Стеријовска зборуваше за активизмот и за борбата на активистите за она за што чувствуваат внатрешен порив. „Активистот мора да знае за што се бори. А познавање на темата за која се бори е на некој начин експертизам. Јас ја поздравувам солидарноста, но активизмот е насочување кон идеја и тема за која си подготвен да одиш до крај. Само така, активистички се менуваат работите“, истакна Стеријовска.

Ирена Стеријовска, активистка

Модераторот Југослав Петровски ги поттикна говорниците и присутните на дискусија по неколку прашања за слободата на изразување и слободата на говор, но и за прашања поврзани со кршење на човековите права и слободи во изминатиот период.

Југослав Петровски, драмски писател и активист

Со овие активности, ЦИВИЛ е дел од светската кампања „Проговори!“ (SPEAK!), создадена како одговор на сè побројните напади врз основните човекови права и слободи, и културата на поделби која предизвикува свртување на луѓето – едни против други.

„Проговори!“ е резултат на визијата на Цивикус – Светска алијанса за граѓанско учество, а како дел од Civic Space Initiative.

Во сабота и недела, на 23 и 24 септември, како дел од проектот „Враќање на слободата!“ (ReClaiming Freedom!), во организација на ЦИВИЛ, ќе се одржат уметнички работилници во Градскиот парк, со почеток во 16 часот.

Во вечерните часови овие два дена, на платото на Универзитетот на ЈИЕ, во скопската Стара чаршија, присутните ќе можат да ги погледнат пораките за слобода, произлезени од уметничките работилници, да се информираат за кампањата „Проговори!“ и добро да се забавуваат со ди-џеј сетовите во избор на ЦИВИЛ.

Биљана Јордановска

 

 

Tags: „Молчењето ја убива слободата!“Враќање на слободатаГолубовскаГраѓанска повелбаМуратовпанел дискусијаПетровскиПроговори!СтеријоскаЦивикус
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ