• Latest

Врховниот суд му „пресуди” на Бериша, останува во домашен притвор

April 9, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Врховниот суд му „пресуди” на Бериша, останува во домашен притвор

April 9, 2024 23:10
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд „не го спаси“ поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша, кој со отфрлање на  неговата жалба, потврди дека останува во сила мерката „куќен притвор“.

– Врховниот суд  денеска одлучи да ја потврди одлуката на Специјалниот Апелациски суд за корупција и организиран криминал од 25 јануари. Бериша досега не ги доби битките со правдата, бидејќи секое негово барање беше одбиено од Специјалниот суд или од Специјалната Апелација, јавија медиумите, а пренесува МИА.

Вчера и Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО) го отфрли барањето на Бериша и неговиот зет Џамарбер Малтези за укинување на мерката куќен притвор.

Неговиот адвокат Генц Ѓокутај и денеска обвини дека „правосудните органи  дејствуваат по наредба на премиерот Еди Рама” и оти целта е да му згасне пратеничкиот  мандат на Бериша.

По барање на Специјалното обвинителство на Бериша му беше одземен пратеничкиот имунитетот, а мандатот го губи доколку во период од шест месеци не присуствува на ниту една седница во законодавниот дом, рок кој изминува на 30 јуни.

Тој нема право да излегува од домот, но секоја вечер од прозорец се обраќа пред група приврзаници и симпатизери.

Бериша е осомничен за вмешаност во корупција при приватизација на спортскиот комплекс „Партизан” во центарот на Тирана, во време кога беше премиер.

Во 2008 година дозволил простор од околу 10 илјади квадратни метри да ги приватизира неговиот зет за ќерка, Малтези за само 100 илјади долари, по што изградил повеќекатници и профитирал над 5 милиони евра.

Малтези беше уапсен на 21 октомври, на аеродромот во Тирана, при обид да ја напушти земјата. Тој беше во затворски притвор, а потоа мерката му беше преиначена во домашен притвор

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Сали Бериша
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result